Свет
Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна
Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е поспособна да зарази човечки клетки од оригиналната форма на коронавирус што се појави во Кина, покажа новата студија објавена во списанието „Сел“.
Истражувањето спроведено во лабораторија сугерира дека оваа мутација би можела полесно да се пренесува кај луѓето во реалниот свет во споредба со претходната варијанта, но тоа сè уште не е докажано.
Научниците од лабораторијата Лос Аламос во Њу Мексико и Универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина се здружија со Универзитетот „Шефилд“ за да анализираат примероци објавени од ГИСАИД, светски извор на секвенци на геноми. Откриле дека сегашната варијанта наречена D614G има мала, но моќна промена во протеинот што се издига од површината на вирусот и дека вирусот ја користи за да ја пробие и зарази човечката клетка.
Научниците ги објавија првите откритија на веб-страницата bioRxiv во април, но потоа беа критикувани дека не успеале да докажат дека самата мутација е одговорна за доминацијата на новата верзија на вирусот во светот, бидејќи тоа може да биде резултат на други фактори.
Тимот затоа спроведе и други истражувања. Тие анализирале податоци од 999 британски пациенти хоспитализирани поради Ковид-19 и откриле дека оние со таа верзија на вирусот имаат поголема концентрација на вирусни честички во организмот, но тежината на нивната болест не била различна.
Лабораториските експерименти покажаа дека оваа верзија на вирусот има три до шест пати поголема способност да зарази човечка клетка.
Според претходните сознанија, иако варијантата на вирусот што сега циркулира е позаразна, може, но не мора, полесно да се пренесува кај луѓето. Во секој случај, вирологот на Универзитетот „Јеил“, Нејтан Грубау, кој не учествуваше во истражувањето, вели дека ширењето на нова генетски мутирана верзија на вирусот, по природна селекција или случајно“, значи дека оваа варијанта сега е причина за пандемијата.
Тој проценува дека истражувањата допрва треба да утврдат дали оваа нова варијанта ќе влијае на развојот на вакцини и лекови и посочува дека не очекува дека D614G ќе предизвика промени во мерките за ограничување на ширењето на вирусот или ќе предизвика посериозна состојба кај заразените лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Постои голема омраза меѓу Путин и Зеленски
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мировните преговори меѓу Украина и Русија се во тек и напредуваат нормално, но дека постои голема омраза меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски.
„Постои огромна омраза меѓу овие двајца лидери, Путин и Зеленски. Разговараме. Сè оди добро. Војната мора да престане“, изјави Трамп пред новинарите во неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида, според јутјуб-каналот на Белата куќа, пренесуваат мердиумите во регионот.
Кога новинарите го прашаа дали ќе инсистира Божиќ да биде крајниот рок за постигнување мировен договор, Трамп рече дека се надева оти конфликтот ќе заврши.
„Веќе не трошиме пари за оваа војна. Поранешниот претседател Џозеф Бајден даде 350 милијарди долари и којзнае што се случи со тоа. Сега продаваме ракети, авиони и најдобра воена опрема на НАТО. Значи, не фрламе пари како што правевме во времето на Бајден. Тој беше будала и она што ѝ го направи на земјата е ужасно“, истакна американскиот лидер, според написите.
Тој повтори дека завршил осум војни и дека сите се уморни од оваа војна.
Во последните недели САД ги обновија своите напори за посредување во мировен договор меѓу Москва и Киев. По неколку рунди разговори, нацрт-документот се смета за поприфатлив за Киев, но сè уште постојат разлики за територијалните и за безбедносните гаранции.
На 14 и 15 декември украинската делегација ги продолжи преговорите во Германија со учество на специјалниот претставник на американскиот претседател Стивен Виткоф и Џаред Кушнер.
Во Мајами од 19 до 21 декември украинските и американските делегации одржаа серија состаноци за мировниот план и разговараа со претставници на Русија, но немаше знаци на напредок и не беа најавени нови состаноци.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Мексикански авион што превезувал повредено дете се урна во Тексас: најмалку 5 загинати
Најмалку пет лица загинаа вчера во Тексас кога авион на мексиканската морнарица се урна во густа магла во близина на Галвестон. Авионот бил на медицинска мисија и носел дете со тешки изгореници, објави Би-би-си.
Според веб-страницата за следење на летови „Флајт радар“, авионот последен пат бил виден во 15.01 часот по локално време над заливот Галвестон. Летот бил организиран за фондација што обезбедува грижа за мексикански деца со тешки изгореници. Секретаријатот на мексиканската морнарица соопшти дека едно лице сè уште е исчезнато, а две се спасени живи.
Видеото што го добиле од „Асошиетед прес“ ги прикажува остатоците од авионот во водата, а сведоци и полицајци влегуваат во морето за да ги бараат остатоците. Скај Декер, локален капетан на јахта, рече дека однел двајца полицајци до речиси потонатиот авион, а потоа самиот скокнал во водата и пронашол тешко повредена жена.
„Не можев да поверувам. Имаше само неколку сантиметри воздушен простор за дишење“, рече тој. „А внатре имаше гориво за авиони измешано со вода, испарувањата беа навистина лоши. Таа навистина се бореше за својот живот“, додаде тој.
Претходно, Секретаријатот на мексиканската морнарица соопшти дека операциите за пребарување и спасување се во тек во координација со крајбрежната стража на САД. Видеото снимено во близина на местото на несреќата ги прикажува спасувачите, вклучувајќи и нуркачки тим, како работат во густа магла.
Фондацијата Michou y Mau во соопштение на социјалните медиуми изрази најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од оваа трагедија.
Свет
Германскииот министер за одбрана: Путин е единствениот кој може бргу да ја запре војната
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во интервју за неделникот „Ди Цајт“ изјави дека, според него, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за воспоставување мир во Украина, иако, како што изјави, токму Москва има клучна улога во брзото запирање на борбите.
„И покрај напорите на Американците, Европејците и на Украинците за постигнување прекин на огнот, од Москва нема сигнали дека Владимир Путин е заинтересиран за прекин на војната“, рече Писториус додавајќи дека рускиот лидер е единствениот што може да ги запре непријателствата на краток рок.
Во исто време, германскиот министер ги поздрави разговорите одржани во Берлин на 15 и 16 декември потсетувајќи дека германскиот канцелар Фридрих Мерц јасно изјавил дека Европа мора да го има својот глас во сите идни преговори за украинскиот конфликт.
Писториус исто така го нагласи значењето на, како што рече, невидениот заем за Украина, со вкупна вредност од 90 милијарди, кој, според него, треба да му помогне на Киев да ги покрие своите воени потреби во следните две години.
Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин на 19 декември изјави дека Москва е подготвена и има волја мирно да го реши конфликтот во Украина. Тој, сепак, оцени дека Киев одбива да ја заврши војната со дипломатски средства, иако, како што изјави, во исто време од Украина доаѓаат одредени сигнали за подготвеност за вклучување во некаков вид дијалог.
Фото: депозитфотос

