Македонија
ДУИ: Три години нула данок за секој кој за првпат се вработува на возраст под 35 години
Kандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, во паркот Чаир оствари средба со младите каде ги откри младинските политики и заложби за првите 100 дена како премиер.
„Јас сум тука за вас младите, а клучниот дел од мојата програма претставена за првите 100 дена е зајакнување на економијата и создавање можности за вас, и ова го испланирав преку серија мерки. Првично, ќе го намалиме на нула персоналниот данок за три години за секој кој за првпат се вработува под 35-годишна возраст“, истакна Зибери.
Додаде дека Владата, исто така, ќе субвенционира 50 отсто од социјалните придонеси во наредните три години за секое ново работно место, што ќе ја подобри нејзината правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватни претпријатија.
„На овој начин, албанската младина ќе има повеќе можности за работа во земјата, повеќе можности за попросперитетна иднина, како и можности да се чувствуваат професионално реализирани овде, во земјата“, рече Зибери.
Инвестирајте во вашите студии, вели тој, затоа што со започнувањето на преговорите со ЕУ, ќе имате многу можности да придонесете во многу различни области, а во блиска иднина, како земја членка на Европската Унија, ќе имате пристап до позиции на кои се носат одлуки. Не само во нашата земја, туку и во круговите каде се носат одлуки на Европската комисија.
„Она што нашата генерација мораше да го постигне преку војна, вие можете едноставно да го постигнете преку вашиот глас на 15 јули “, истакна Зибери.
Меѓу заложбите кои се преземаат за младите луѓе, Зибери ја истакна важноста за отворање стручни училишта во секоја општина и создавање Фонд за унапредување на знаењето, поддршка за иновации и деловни вештини кај младите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерот Столиковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во неговото Министерството, а во која биле службеници од ДУИ кои биле отпуштени на 24 декември.
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша Стоилковиќ.
ДУИ претходно обвини за дискриминација поради тоа што од Министерството биле отпуштени седуммина Албанци.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
26.12.2025 година (петок) :
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)

