Црна хроника
Јанкулоска: Одговорноста за пропустите на локалната полиција е лоцирана

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по акцијата „Детонатор“ во којашто беа детектирани пропусти на локалната полиција при справувањето со криминалот на групата која сеела страв во источна Македонија, вели дека одговорноста за пропустите е лоцирана.
“Одговорност има, но засега не би изнесувала имиња“, рече министерката.
Таа го повлекла својот предлог за именување на командир полициската станица во Кочани од дневниот ред на седницата на Советот на општина Штип. Според неа, ќе има нов предлог за командир, кој требаше да се избира во петок.
За обвинувањата на опозицијата дека власта со оваа акција ја замајува јавноста Јанкулоска вели дека самата операција е најдобар показател дека криминалот нема поддршка од полицијата.
Криминалната група според проценките на МВР имала заработка од околу 100.000 евра месечно од нелегалното коцкање. Синоќа акцијата се прошири во Крива Паланка каде беа запленети над 200 апарати за игри на среќа во објекти со кои управувале дел од уапсените.
При претресите се запленети и две маси за електронски рулет, како и 150 парчиња муниција и неколку парчиња оружје./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот