Македонија
Секоја година во чест на договорот со Грција во Преспа ќе се одржува меѓународен форум

Министрите Едмонд Адеми и Никола Димитров денеска го претставија проектот ЕУ за Преспа, финансиран од ЕУ, како и „Преспа форумот за дијалог“.
„Во септември минатата година, Владата формираше работна група за поддршка на Преспанскиот регион, а честа да ја водам групата ми припадна мене“, нагласи министерот без ресор задолжен за дијаспора, Адеми, кој додаде дека вкупната сума на проектот е 18 милиони евра и средствата ќе бидат обезбедени од ИПА фондовите за 2021 година.
Објасни дека целта на проектот е да му понуди на регионот долгорочна и одржлива економска перспектива, а со тоа и задржување на младите во самиот регион.
Адеми исто така го претстави „Преспа форумот за дијалог“ и рече дека тојсе појавува како резултат на подобрениот меѓународен имиџ на државата, по потпишаниот Преспански договор и одблокираниот евро-атлантски процес.
„Планот ни е, традиционално, секој 17 јуни, кога е потпишан е Преспанскиот договор, да организираме меѓународен форум за дијалог и соработка, на кој би поканиле што поголем број на светски и регионални државници и јавни личности. За тоа, следните месеци, по изборите, ќе ги дефинираме деталите, согласно претходната одлука на Владата”, рече Адеми.
Министерот за надворешни работи, Димитров нагласи дека планирано е „Преспа форумот за дијалог“ да биде сместен во мултимедијалниот центар, кој ќе биде изграден како дел од проектот ЕУ за Преспа.
Визуелниот изглед на центарот беше претставен од архитектот Ивана Белчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје. Над 500 илјади жители на Скопје и околината се гушат во отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште, а власта се крие зад измислени приказни за ‘хибридни напади’“, велат од СДСМ.
„Додека граѓаните вдишуваа канцерогени материи, институциите задоцнето реагираа, дури не излегоа навреме ниту да ги информираат граѓаните, да дадат препораки, да кажат како да се заштитат.
Скопјани се уште не знаат колкаво е загадувањето, дали е целосно безбедно, колкава количество токсичен отпад изгоре, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето?.
Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите, вклучително и во депониите кои се управувани токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Доста беа приказни, за овој екоцид, за оваа еколошка катастрофа во Скопје и во Македонија мора да има политичка и кривична одговорност.
Освен за Трубарево, Јавното обвинителстви треба да ја прошири истрагата за пожарите во Вардариште и Дрисла, која ќе ги опфати сите актуелни раководни струкури во време на пожарите, кои дозволија да се случи еколошка катастрофа со опасни здравствени последици“, соопшти СДСМ.
Македонија
Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото

На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото.
Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за овогодинешниот Извештај на Европската комисија за владеење на правото.
Во тој контекст, предвидено е да се разговара за состојбите во четирите области опфатени со Извештајот на ЕК за владеење на правото 2025: судскиот систем, антикорупција, медиумски плурализам и слободата на медиумите и за други институционални прашања поврзани со контролните механизми.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците село Волково – улицата пред последна автобуска станица 22, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на улицата Будимпештанска околу бр.25., општина Карпош.