Македонија
Спасовски од Гази Баба: По 20 години, луѓето добиваат вода и канализација
Општина Гази Баба е пример како ние градиме, а ВМРО-ДПМНЕ мислеше само како да краде. Јурумлери, првпат по 20 години, добива фекална канализација и се ослободува од црната кал, а ВМРО-ДПМНЕ со години овде беше власт и не направи ништо, освен што им ги крадеше парите за својата бела палата, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски за време на денешната посета на општина Гази Баба.
„Ние изградивме вакуум-станица за фекална канализација за цело Јурумлери, прва од ваков вид во Македонија, првата фаза е изведена со поставување на инфраструктурата кон две улици и домаќинствата и продолкжува втората фаза кон другите краци.
ВМРО-ДПМНЕ им бараше самопридонес на граѓаните за водовод и канализација, а сега инфраструктурата до улиците е бесплатна за жителите затоа што ние ги насочуваме парите кон граѓаните.
Првпат по 20 години, централната власт ѝ подаде рака на Гази Баба и само за патната инфраструктура во оваа општина се дадени 1 милион и 920 илјади евра.
Владо Мисајловски доаѓа да се шета овде, но нема објаснување зошто кога седеше во владата на Груевски како министер за транспорт и врски, не се заложи за канализација во Јурумлери, за водовод во Раштак, за водовод во Булачани, каде што сега се вложува, а тие ги оставија луѓето без вода во 21 век!
Само во Изборната единица 2 со инвестиција од 48 милиони, 585 илјади и 698 денари се изградени нови и рехабилитирани се над 159 километри патишта.
Во целата држава се градат 260 киломентри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Обновуваме повеќе од 1.500 киломентри постојни патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 киломенри водоводи и канализации.
Направивме пресврт и покажавме што значат политики на парите кон граѓаните наместо во џебовите на режимот.
ВМРО-ДПМНЕ ги краде парите на граѓаните, а ни Мицковски ни Мисајловски не знае економија.
Ние овозможуваме брза развојна економија, можеме уште повеќе и уште подобро и затоа на 15 јули продолжуваме во сигурна иднина заедно напред“, порача Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

