Македонија
Силјановска-Давкова: Ќе донесеме 4 милијарди инвестиции и ќе ги покачиме платите 25 отсто

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, носител во Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во посета на Сопиште, од каде што истакна дека СДСМ го избриша македонскиот идентитет, се откажа од правото на самоопределување, а од државата направија хибриден режим и најнепосакувана дестинација во Европа.
Силјановска потенцира дека со СДСМ во Македонија нема парламентарна демократија, нема независно судство, нема право и правда и нема функционална држава бидејќи без ефикасни политики, не може да функционира државата.
„Државата ја направија руина, а држава ако не е стабилна и без институции, не е држава, држава во која доверба во судството имаат одвај 3 отсто граѓани – не е држава, држава во која врвот на Јавното обвинителство, односно СЈО, е синоним за корупција, е држава пред пропаѓање и како таква во извештаите ја водат како хибриден режим“, рече Силјановска.
Токму затоа таа посочи дека има шанса да се обнови тоа што остана, но за тоа е потребна промена на власт. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта, ќе работи на обнова на Македонија за младите да останат во државата и за таа цел ќе се донесат најмалку 4 милијарди странски и домашни инвестиции, ќе се покачат платите 25 отсто, пензиите 20 отсто, а за младите до 29 години при нивното вработување бизнисот ќе биде ослободен од давачки.
„Овие луѓе се однародени, живеат во свој свет, кој не е ист со нашиот. Друг народ не се наоѓа, ама власт друга може да се најде. 15 јули, нивниот црн ден, ќе биде македонскиот светол ден“, нагласи Силјановска-Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.