Европа
Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот
Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се препознаат регионалните жаришта.
Тој изјави дека заради тоа, потребно е да се инвестира во брзи тестови.
„Ќе мора да продолжиме да се носиме со коронавирусот сè додека не се најде лек или вакцина. Тековната состојба може да се спореди со хармоника, која постојано е во движење. Секогаш ќе има чекори напред и назад. Така е и во другите земји со кои разменуваме информации, како на пример Израел и Австралија. Мора да бидеме побрзи во тестирањето и ќе инвестираме 390 милиони евра во брзи тестови“, објасни Курц во интервју за виенскиот весник „Остерајх“.
Тој нагласи дека кога има инфекција, заболените треба што поскоро да се изолираат за да се прекине синџирот на пренесување, што е направено, на пример, во покраината Горна Австрија, каде што училиштата беа затворени поради жариште.
Канцеларот посочи дека граѓаните никогаш не смеат да заборават дека вирусот не исчезнал и оти пандемијата продолжува.
„Иако времето е убаво и учебната година заврши, мора да останеме внимателни. Потрошувачката, храната, шопингот се важни за нашата економија, но неопходно е да се почитуваат потребните правила во овие активности, особено одржувањето на физичко растојание“, рече Курц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.