Македонија
Спасовски во Љуботенски пат: Само политичари кои се грижат за сите може да и донесат добро на оваа држава
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средбите со жители во Љуботенски пат, општина Бутел, најави дека со новата развојна економија продолжува враќањето на парите кон граѓаните, наспроти намерата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат режимот за да продолжат да крадат.
„Само во општината Бутел реализиравме 25 проекти во патната инфраструктура, 3 проекти за водовод и канализација, 8 проекти во образованието, 3 проекти во градинки: адаптација, изградба, доградба, 3 проекти за рамномерен регионален развој. За изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, само во општините во ИЕ 2 вложивме 814 милиони 441 илјада 489 денари. Се грижиме за сите и можеме уште повеќе и уште подобро“, рече Спасовски.

Тој посочи дека се ориентирани кон евроатланските интеграции што носи сигурност и кон капитални инвестиции и вложување во инфраструктурата, бидејќи тоа носи повисоки плати и нови работни места за сите, а не мермерот и бронзата за што беа злоупотребени граѓански пари за белите дворци на режимот.
„Новата развојна економија што ја најавуваме е реалност и отвора шанси за сите. Една стратешка цел целосно реализиравме – членството во НАТО. Втората стратешка цел е отпочната – одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Интеграциите донесоа повеќе пари на државата, 660 милиони евра само странски инвестиции и ќе донесат уште повеќе, кога ќе се отворат за нас европските фондови. Во следните 4 години, до 2024 година, ќе отвориме 80 проценти од поглавјата за интеграција во Европската унија. Тоа ќе значи 2.5 милијарди евра од европските фондови, за нашата држава, за инфраструктура, за земјоделство.
Нашата цел е брза развојна економија и раст на платите во следните 4 години: до 20.000 денари минималната плата, до 34.000 денари просечната плата, повисоки пензии и грантови до 15 илјади евра за младите и за жените, за отворање сопствена фирма.Само политичари кои се грижат за сите може да и донесат добро на оваа држава, гласајте за број 3 на изборите на 15 јули“, порача Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

