Македонија
Заев до младите: Ова е ваша земја, останете овде, бидете дел од европеизацијата и напредокот на државата
Претседателот на СДСМ на вчерашната трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ одржана во Чаир упати порака до младите да останат во државата и да се борат за напредок и развој, за европеизација на државата преку процесите на преговори со ЕУ и членството во НАТО.
„Една порака до младите луѓе – да не размислуваат за надвор. Таму во Германија, во Швајцарија, во Италија, во Австрија можеби земаат поголема плата, но кога ќе дојде крајот на месецот и ќе ги платат киријата и сите сметки, не е тоа нешто значајно што им останува за живеење. Таму развојот го достигнал своето ниво, реформите се случиле, предизвикот е завршен, а животот е еден. Таму ќе се возат горе на бранот, да, и животот ќе помине. Но, предизвикот е овде. Овде е борбата. Овде се случува европеизацијата на државата. Овде ќе бидат реформите што треба да ги правиме. Овде ќе се крева економскиот стандард на народот. Затоа, нека останат тука, тука да се борат. Тука се остава трага. Затоа, драги млади луѓе, останете дома! Јас и овие луѓе околу мене ќе се бориме, да се борите и вие! Ова е ваша земја, има да се бориме дома оти тоа е патриотизам!“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Чаир.
Во обраќањето, меѓу другото, претседателот Заев посочи дека денес патриотизам е да се подигне економскиот стандард и да се обезбедат што повеќе пари назад кај граѓаните.
„Денес, патриоти се тие што си подаваат рака еден меѓу друг, што градат единство. Патриот е тој што го крева економскиот стандард, но и целата економија. Патриот е тој што за 2,5 години отвори 64.000 работни места, даде 300 отсто поголема социјална помош на најсиромашните, ја воведе државната социјална пензија, згрижи 12.000 стечајни работници. Патриот е тој што имаше храброст да ги укине квотите за лековите, да ја крене 40 отсто платата на специјалистите лекари, 25 отато на медицинските сестри, 21 отсто на наставниците и учителките, 31 отсто на негувателките и воспитувачките“, истакна Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

