Македонија
Спасовски на средба со младите: Грантови до 15.000 евра за отворање своја фирма
Носителот на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, имаше средби со млади во општината Бутел. На средбите се разговараше за проектите и мерките што досега се преземени и ќе се преземат во новиот четиригодишен мандат, за перспективна и сигурна иднина на младите по европски стандарди, и тоа дома.
„СДСМ со коалицијата ‘Можеме’ креира нова развојна економија која ќе се базира на нови технологии, одржливост и човечкиот капитал. Тоа е модел што ќе ги штити работните места и ќе овозможува повисоки плати“, рече Спасовски.
Тоа најави некои од мерките во програмата кои се однесуваат за поддршка на младите.
„Ќе има директна поддршка на младинското и женското претприемаштво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.
Исто така, обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите.
Продолжува и мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование“, посочи Спасовски на синоќешните средби во општината Бутел.
Тој посочи дека целта е мотивација на младите да учат, работат и живеат во својата земја и затоа поддршката на коалицијата „Можеме“ на 15 јули е глас за таа шанса. Тој направи разлика со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога режимот ги крадеше парите на граѓаните и со бесперспективноста ги бркаа младите од државата. Денес, наведе Спасовски, нашата држава ги отвора преговорите со ЕУ, што значи реални можности за повисоки плати и нови работни места, како и за европски институции што работат по европски стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утврдени неправилности на Зимзоленд: Град Скопје нема дадено дозвола
Инспектори од Град Скопје денеска биле на локацијата каде што се одржува Зимзоленд и утврдиле низа неправилности. Како што соопшти градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, утврдено е дека Градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност.
„По пријави од граѓани, постапивме и на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект“, вели Ѓорѓиевски.
Дополнително, додава тој, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи.
„Градот Скопје и јас како градоначалник ќе продолжиме бескомпромисно да се бориме против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор“, вели Ѓорѓиевски.
Инспекторите денеска, освен на Зимзоленд, биле и на „Пластичарска“ .
„Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд. Денес градот Скопје, заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, спроведе широка акција со единствена цел, да се врати редот и достоинството на јавниот простор на целата територија на градот. Изречени се повеќе од 20 казни“, објави Ѓорѓиевски и додаде дека вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстранувале неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Утре без вода за пиење делови од општина Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради змена на вентил во шахт Ф 2“1/2“ (два и пол цола) на улица Натанаил Кучевишки бб. градинката 11-ти Октомври со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Натанаил Кучевишки, Краишка и Хо Ши Мин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.(општина Бутел )

