Црна хроника
Ја киднапирал и ја претепал поранешната девојка

Девојка била киднапирана и претепана од поранешното момче и оставена во бесознание во Чаир.
Поднесена е кривична пријава против лицето Ш.И.(31) од Скопје, поради основано сомневање дека противправно ја лишил од слобода, а потоа и нанел тешки телесни повреди на оштетената Д.М. (32) од Скопје.
Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Двајцата подолго време биле во интимна врска, а откако прекинале Ш.И. не се согласувал со тоа.
На почетокот на минатиот месец, односно една вечер, кога оштетената била на автобуска постојка на бул. „Крсте Мисирков“ сакајќи да се качи во автобус, пријавениот дошол со патничко моторно возило и со употреба на сила ја внесол во возилото, а потоа ја однел во шумата над скопска Гази Баба.
Таму со дрвен стап и задал неколку удари по главата и телото, нанесувајќи и фрактури по рацете, телото и рбетот, од кои што повреди оштетената паднала во бесознание.
По некое време, Ш.И. ја освестил, по што ја качил во возилото ја однел во населба Чаир, каде ја оставил на улица без да и пружи помош упатувајќи се во непознат правец.
Д.М. по мобилен телефон повикала такси возило и се упатила во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што е девојката била задржана, а притоа се констатирани тешки телесни повреди.
По ова во службени простории на СВР-Скопје извршено е препознавање по фотографии, при што оштетената со сигурност го посочи Ш.И. како сторител на кривичните дела.
Инаку, пријавениот уште како малолетник е регистриран како сторител на имотни деликти, за што од надлежен суд има изречени мерки, а откако станува полнолетен поднесени му се девет кривични пријави за сторени имотни деликти, спречување на службено лице во вршење службено дејство, прикривање и загрозување на безбедноста во сообраќајот, за што во 2003 и 2009 година од надлежен суд му се изречени две мерки затвор во траење од две години и шест месеци./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.