Свет
Ирак негира дека извршил ракетен напад на меѓународниот аеродром во Багдад
Ирак негира дека извршил ракетен напад на меѓународниот аеродром во Багдад, пренесува „Спутник“.
„Неколку медиуми објавија пад на ракета ‘катјуша’ во близина на терминалот на меѓународниот аеродром во Багдад. Ние целосно ја демантираме оваа вест, а Командата за операции во Багдад не наведе никакви ракетни напади до 00.50 часот и ги повикуваме медиумите да бидат точни и да преземаат информации исклучиво од безбедносната медиумска ќелија“, соопштија од канцеларијата на ирачкиот премиер, Мустафа ал-Каземи.
… في الوقت ذاته تمكنت قواتنا مِن إحباط هجوم اخر في منطقة ام العظام والسيطرة على صاروخ نوع كاتيوشا أيضاً وقاعدة الاطلاق، وقد تبين أن هذا الصاروخ كان موجه نحو معسكر التاجي شمالي العاصمة . pic.twitter.com/rMntLkDy2i
— خلية الإعلام الأمني?? (@SecMedCell) July 5, 2020
Изјавата следува по извештајот на телевизијата „Ал Сумарија“, во кој се цитира извор за безбедност, кој тврди дека ракета паднала во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без да предизвика експлозија или жртви.
Претходно, „Ал Сумарија“ објави дека американскиот систем на противвоздушна одбрана во неделата успеал да одврати ракетен напад насочен кон американската амбасада. Според извештајот, ракетата слетала на станбена зграда во близина на амбасадата, при што повредено е едно дете.
Инцидентот го потврдија безбедносните медиуми, кои тврдат дека ирачките безбедносни сили биле во можност да спречат уште еден напад во областа Ум ал-Азам.
„Запознаени сме со извештаите за пад на ракета во меѓународната зона. Ирачките безбедносни служби ја водат истрагата“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент за „Спутник “.
Американскиот аистем за воздушна одбрана „Патриот“ претходно беше тестиран од страна на американските сили во зелената зона на Багдад, која е домаќин на владините згради на земјата и меѓународните амбасади, вклучително и американската. Тестирањето беше осудено од некои ирачки пратеници како провокација и кршење на меѓународното право.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

