Забава
Американски политичар: Бијонсе лаже, таа е белка од Италија и се вика Ен Мари Ластраси

Бијонсе (38) е една од најпопуларните и најуспешни поп-пејачки во светот, која го привлекува вниманието на јавноста, па за неа кружат разни приказни на интернет.
Не била бремена, ангажирала сурогат-мајка за да ѝ ја роди ќерката, а таа носела лажен труднички стомак, ја избелувала кожата за да биде попривлечна за публиката, но најдалеку во сето тоа отиде американскиот политичар К. В. Милер, кој се кандидира за гувернер на Флорида.
Во серијата објавувања на „Твитер“, К. В. Милер открива дека во екот на повеќенеделните протести за убиството на Џорџ Флојд, Бијонсе тврдела дека има африканско потекло.
Beyoncé is not even African American. She is faking this for exposure. Her real name is Ann Marie Lastrassi. She is Italian. This is all part of the Soros Deep State agenda for the Black Lives Matter movement. BEYONCÉ YOU ARE ON NOTICE!#GreatAwakening #QAnon #WWG1GWA #Trump2020
— KW Miller For Congress (FL-18) (@KwCongressional) July 4, 2020
„Лаже со години, таа не е црнкинка, таа е белка од Италија и се вика Ен Мари Ластраси“.
Милер исто така напиша дека Бијонсе го обожава Сатаната и дека тоа го открива во песната Formation.
Наводно, кога ги спомнува Алабама и Луизијана, таа всушност спомнувала две сатански цркви во овие држави, а стихот „имам лут сос во чантата“, всушност значел дека „таа во чантата чува сатански симбол“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дејвид Бекам прогласен за витез

Британскиот крал Чарлс на својата роденденска забава го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез за неговиот придонес во британското општество, според традиционалниот список на добитници на титулата витез објавен во петокот.
„Никогаш не замислував дека ќе добијам таква чест“, изјави Бекам за новинарите, кој пораснал во скромна околина во источен Лондон во семејство на патриотски и горди британски родители и баби и дедовци.
50-годишниот поранешен фудбалер, кој се пензионира во 2013 година, и неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на популарната британска група „Спајс грлс“, сега ќе станат сер Дејвид и леди Викторија.
Бекам, икона во светот на фудбалот и модата, со години е номиниран за витез, а сега конечно е почестен за своите заслуги во спортот и хуманитарната работа. Поранешниот англиски репрезентативец играше 115 пати за својата земја и освои многубројни трофеи со „Манчестер јунајтед“, а беше и многу активен во хуманитарната област. Во соработка со УНИЦЕФ тој водеше кампањи за организацијата што работи со името Malaria No More и работи на искоренување на маларијата во целиот свет.
Во јуни 2024 година кралот Чарлс официјално го назначи за амбасадор на својата фондација (Фондацијата на кралот).
Тој и неговата сопруга се блиски со кралот и неговото семејство многу години. Тие беа поканети на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година, како и на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл во 2018 година. Бекам претходно го доби Орденот на Британското Царство (OBE) за заслуги во спортот во 2003 година, кој му го додели кралицата Елизабета II.
Забава
(Фото) Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, таа беше фотографирана на улиците на Лондон

Познатата пејачка Рита Ора често привлекува внимание со својот изглед.
Таа е секогаш тема кога станува збор за прекрасен изглед, а постојано покажува дека обожава да истакнува сè што поседува.
Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, овој пат таа беше фотографирана на улиците на Лондон.
Како и секогаш, екстравагантната Рита избра асиметрично здолниште со процепи, со кое носеше градник со детали од тантела, но преку сè имаше и јакна.
Пејачката го комплетира својот моден изглед со розови сандали со пердуви, меѓутоа сите многу повеќе гледаа во горниот дел и во нејзините обликувани стомачни мускули.
Впечатливиот накит и очилата за сонце се неопходен дел од секој нејзин миоден изглед.
Забава
(Фото) Бред Пит и Бредли Купер на двоен состанок во Њујорк

Џиџи Хадид и Бредли Купер беа видени како уживаат во вечерно излегување со Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон. Четворката беше фотографирана како го напушта ресторанот „Коут Корејн Стекхаус“ во Њујорк.
Ова излегување се случи кратко откако Хадид и Купер официјално ја потврдија својата врска. Двајцата за прв пат беа видени заедно во Њујорк во 2023 година, додека Пит и де Рамон за прв пат беа видени заедно во 2022 година на концертот на Боно во Лос Анџелес.
Купер и Пит се пријатели со години. Уште во 2020 година Пит јавно му се заблагодари на Купер што му помогнал да се откаже од пиењето, а познато е дека самиот Купер се борел со зависност до 29-годишна возраст. „Се отрезнив благодарение на овој човек и оттогаш сум подобар секој ден“, рече претходно Пит за Купер.
Пит повторно го пофали Купер на церемонијата на доделување награди на Филмскиот фестивал во Санта Барбара во 2024 година. Покрај нивното блиско пријателство, тие делат и страст за трки – Купер е виден на многубројни трки на Формула 1, а Пит игра возач на Формула 1 во претстојниот филм.