Македонија
Двајца колеги од КАРИЛ ќе ги менуваат анестезиолозите што си дале отказ во „8 Септември“
Двајца анестезиолози од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување ќе ги заменат анестезиолозите кои во петокот си дале отказ во Градската општа болница „8 Септември“.
Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека со ротации нема да се почувствува недостиг не само од анестезиолози туку и од останатите здравствени работници кои учествуваат во лекувањето на заболените од коронавирус.
„Нема да има недостиг од вкупниот број анестезиолози. Минатата недела разговаравме за замена и помош на анестезиолозите во ‘8 Септември’. Двајца колеги од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување ќе одат на помош во ‘8 Септември’. Се направи распоред за да не трпи програмата на хируршките клиники. Имаме интензивна комуникација за системот на ротација. Има ентузијазам и кај други колеги да дојдат кај овие пациенти и нема ризик за недостиг на лекари иако мора да се каже дека се веќе преморени по речиси пет месеци работа без одмор. Имаме и повеќе од потребниот број пријавени анестезиолози за помош, се пријавија четворица, но засега има потреба само од двајца“, рече министерот Филипче.
Тој нагласи дека уште на почетокот на пандемијата е донесена уредба со која на услуга на јавното здравство е ставен и медицинскиот персонал од приватните клиники, но засега нема потреба од нивно вклучување со оглед на тоа што има меѓу тројца и десетмина пациенти на респираторни машини.
Министерот потврди дека една од анестезиолозите што си дала отказ и претходно работела во приватна клиника. Изминатиот период кога се појавил интерес за враќање во јавното здравство таа дошла да работи во „8 Септември“, но сега сака да замине, а за другиот анестезиолог министерот Филипче рече дека е со долгогодишно искуство во јавното здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

