Црна хроника
Скопјанка во домот родила мртво бебе

Жена од селото Драчевица, Скопско, која била бремена во шестиот месец, вчера пријавила дека додека била сама дома, родила мртво бебе.
Од лекар од итната медицинска помош кај новороденчето била констатирана смрт, без траги на насилство, информираат од полицијата.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривични против три лица од Струмица: грабнале 32-годишна жена

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ.
На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото.
На 07.04.2025 лицата се изведени пред судија на претходна постапка во судот во Кочани, при што на Р.Ѓ. и е одреден домашен притвор, а на Г.А. и Б.Ч. притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Го тепал и бркал од дома: скопјанец осомничен за насилство врз сопственото дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.
На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син, роден 2010 година.
Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.
Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор, соопшти обвинителството.
Црна хроника
Притвори по убиството во кривопаланечко: За да го ограбат соседот, го намамиле да излезе па го изболе со нож

Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од селото Луке, кривопаланечко, поради убиство.
„На 24 март годинава во селото Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале“, информираа од МВР.
Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор.