Македонија
(Видео) Митрески од Струга: Инвестициите во младите се инвестиции во нашата иднина
Коносителот на листа во Изборната единица 5, Јован Митрески, оствари средба со младите во Струга и притоа ги презентира мерките за поддршка на младите, кои Владата предводена од СДСМ ги презеде во изминатиот период за поддршка и стимул на младинското вработување, младинскиот додаток и развојот на претприемаштвото.
„Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. Досега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество. Од сега треба секој од вас да го даде својот влог и младите да бидат тие што ќе ги креираат политиките и на национално и на локално ниво. Младите се приоритет на оваа Влада и ќе останат да бидат.
Секој од вас е важен во развојот на нашата земја, затоа се гради држава во која младите ќе остануваат, ќе придонесуваат и ќе напредуваат. На младите им се даде приоритет, место да се изразат, можност да бидат дел од креирањето политики и ова не застанува тука“, рече Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

