Регион
Во Црна Гора минувач намерно кашлал кон британската амбасадорка и вработена во Институтот за јавно здравје

Амбасадорката на Велика Британија во Подгорица, Алисон Кемп, рече дека минувач кашлалал во нејзиниот правец додека била на улица.
Како што вели, додека таа разговарала со вработена во Институтот за јавно здравје, минувачот намерно кашлал во нивна насока.
Таа на „Твитер“ го опиша инцидентот.
Danas me na ulici zaustavila i pitala za pravac gospođa koja radi u @ijzcg. Dok sam pokušavala da joj objasnim, neki čovjek je prošao pored nje i namjerno kašljao u našem pravcu kad je vidio njenu radnu uniformu. Zaprepaštena sam!
Javno zahvaljujem @ijzcg na njihovom doprinosu!
— Alison Kemp (@AlisonKempUK) July 6, 2020
„Една госпоѓа, која работи во Институтот за јавно здравје, ме запре денеска на улица и ме праша за насоки. Додека се обидував да ѝ објаснам, еден маж одеше покрај неа и намерно кашлаше кон нас кога ја виде нејзината работна униформа. Бев вџашена“, објави таа.
Анбасадорката му се заблагодари на Институтот за јавно здравје за неговиот придонес.
„Овој пример не ја претставува Црна Гора што ја знам и ја сакам“, напиша Кемп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучевиќ: Ѓилас го уништи Белград повеќе од германските окупатори

Премиерот на Србија во технички мандат и претседател на СНС, Милош Вучевиќ денеска изјави дека претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас го уништил и опустошил Белград повеќе од германските окупатори и дека веќе никој не верува во неговите „Потемкинови села“.
„Внимавајте што вели експертот за кражба на народни пари, човекот кој Белград го направи негова приватна сопственост и го уништи и го направи полош од германските окупатори“, рече Вучевиќ на мрежата Икс, реагирајќи на најавата на Ѓилас на социјалните мрежи за формирање на новата влада на Србија.
Вучевиќ изјавил дека цената на кражбата на Ѓилас ја платиле граѓаните на Србија со години, додека тој кон Белград имал долг од 1,2 милијарди евра, а в џеб ставил 619 милиони евра.
„Почитуван Ѓилас, одамна никој не верува во вашите „Потемкински села“, Белград и Србија не се лонец со злато од кој можете да извадите пари колку сакате“, истакна Вучевиќ.
Тој додаде дека никој не сака неговите алтернативи за нормален живот и сигурна иднина да бидат криминал, ароганција, грабеж, насилство, неморал, злоупотреба на службената положба, бидејќи, како што истакна, тоа се синоними за Ѓилас и неговата „банда крадци кои би се вратиле на власт без волјата на народот“.
Нема да се извлечете! Србија ќе победи!“, нагласи Вучевиќ, пренесува Танјуг.
Регион
Земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Хрватска: „Беше краток, но силен“

Црна Гора беше погодена од земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во 11 часот и 52 минути, јавува ЕМСЦ.
Епицентарот бил на 48 километри од Подгорица и 20 километри од Никшиќ.
Според корисниците на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и Босна и Херцеговина.
„Кратко, но силно“, коментира жител од Дубровник.
„Многу кратко, но се почувствува“, вели друг жител од областа Дубровник.
Регион
Жена со нож упаднала во основно училиште во Бугарија: ја удрила наставничката во лице

Жена упаднала во основното училиште во Бугарија и нападнала наставничка, јавуваат бугарските медиуми.
Приведена е жена (37) чие дете учи во споменатото училиште. Наставничката се здобила со повреди на лицето.
Според локалните медиуми, осомничената жена влегла во училиштето, извадила нож, замавнала со него, ја навредувала, а потоа ја нападнала наставничката.
Инцидентот веднаш бил пријавен од вработените во училиштето. Полицијата брзо пристигнала на лице место, ја разоружала агресивната мајка и ја привела.
Поради инцидентот во училиштето поведена е истрага, а за се е известено и надлежното Обвинителство.
Се уште не е јасно како дошло до нападот, ниту зошто жената ја нападнала наставничката.
Истрагата за овој инцидент е во тек, според тамошните медиуми.