Спорт
„Нека објасни Зидан сега зошто Хакими си отиде од Реал“

Алехандро Камано, агентот на младиот фудбалер Ашраф Хакими, кој го засили милански Интер во изјава за мароканскиот медиум Al Mountakhab вели дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е главната причина поради која фудбалерот го напуштил „кралскиот клуб“.
Десниот бек, кој е производ на академијата на Реал, минатата недела потпиша договор со Интер откако две сезони помина на заем во Борусија Дортмунд.
„Зидан е причината поради која Ашраф потпиша за Интер. Тој сега мора да објаснува зошто остана без еден таков играч. Конте постојано беше во контакт со нас, му раскажа сè на Ашраф за проектот што го гради и немаше дилеми за трансферот“, изјави менаџерот на фудбалерот.
Инаку, 21-годишниот Хакими за „милионерите“ одигра 73 меча, на кои постигна 12 гола, а имаше и 17 асистенции.
Само во изминатата сезона постигна 9 гола и додаде 10 асистенции, со што се наметна како еден од најдобрите играчи на таа позиција.
Како отштета за Мароканецот, Интер на Реал му плати 40 милиони евра плус дополнителни 5 милиони за разни бонуси.
Хакими ќе заработува во Интер по 5 милиони евра од сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вирц откри зошто го избрал Ливерпул пред Баерн

Флоријан Вирц го оствари рекордниот трансфер ова лето. Така и ќе остане доколку Њукасл не се согласи да му го продаде на ливерпул, Александер Исак. Ливерпул со трансферот на Вирц го урна англискиот рекорд, на Баер Леверкузен му плати 125 милиони евра.
За многумина вистински шок предизвика одлуката на Вирц да се пресели на „Енфилд“. Најмногу шокирани беа челниците на Баерн Минхен. Долго време се шпекулираше дека тлентираниот играч од редот за врска кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот германски клуб.
„Исто како пред пет години, кога го напуштив Келн на 16 години и отидов во Леверкузен, барав место каде што најдобро ќе можам да ги развијам моите фудбалски вештини и каде што ќе можам да станам најуспешен играч“, рече Флоријан Вирц и додаде:
„Затоа го избрав Ливерпул. Сè уште не сум се покајал. Интензивно ги истражував двата клуба, не беше лесно да донесам одлука. Но, ја донесов со 100 проценти убедување и сум среќен поради тоа.“
Тој сакаше да ја промени земјата, бидејќи верува дека тоа е поголем предизвик, дека на тој начин ќе напредува побрзо и повеќе. И како играч и како личност.
„Голем чекор е да се оди во друга земја и да се соочиш со сите промени. Исто така, да се прифати нова улога во тим со различен стил. Дефинитивно би рекол дека е поголем предизвик, свесно го избрав за да станам подобар играч.“
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Милан се откажа од Бонифејс, тргна по наследникот на Ѓекереш

Фудбалскиот клуб Милан се откажа од трансферот на Виктор Бонифејс поради проблемите со повредата на Нигериецот. Бонифејс беше во Милано, се појави на медицинските прегледи, по што клубот реши да се откаже од напаѓачот. Откако им пропада обидот да го донесат Бонифејс, челниците на милан го катиираа „планот Б“, а тој се вика Конрад Хардер.
Хардер е 20-годишниот напаѓач на Спортинг Лисабон. Талентираниот Данец пристигна во главниот град на Португалија од Нордсјеланд пред помалку од една година, во трансфер вреден 19.000.000 евра.
Оттогаш, тој одигра 51 натпревар за португалскиот шампион, забележа 12 гола и седум асистенции. Физички и во однос на стилот на игра, тој наликува на Виктор Ѓекереш. Хардер беше проектиран за наследник на швеѓанецот кој се пресели во Арсенал.
Милан за трансферот на младиот Данец ќе треба да издвои 27.000.000 евра.
Спорт
(Видео) Општа тепачка на Американскиот куп, не се знае кој кого удира

„Третото полувреме“ од натпреварот помеѓу Аргентина и Доминиканската Република беше скандалозно.
Играчите започнаа физичка пресметка, на центарот од теренот и за момент не беше јасно кој кого удира.
Речиси половина минута траеше сериозниот инцидент во салата во Никарагва, каде што се одржува Американското првенство.
Доминикана славеше по драмата и продолжението (84:83), во второто коло од Групата Ц.
Се очекува реакција од Светската кошаркарска федерација (ФИБА), како и можни санкции.
I campionati americani sono iniziati all'insegna della sportività. Questi sono i dominicani e gli argentini che si salutano dopo il match vinto dai primi. È commovente vedere tutti questi baci e abbracci tra giocatori.
(via @Eurohoopsnet)pic.twitter.com/7RAG22GEyH
— La Giornata Tipo (@parallelecinico) August 25, 2025