Македонија
Лукаревска: Битката со Ковид-19 не е само здравствен предизвик
Битката со Ковид-19 не е само здравствен предизвик, обезбедуваме директна помош од најмалку 550 милиони евра со директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор, рече носителката на изборна листа во ИЕ2 од СДСМ, Сања Лукаревска.
„Уште на почетокот на ковид-кризата веднаш одговоривме со директни мерки и спроведуваме директна помош од најмалку 550 милиони евра, директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор. Битката со Ковид-19 не е само здравствен предизвик“, рече Лукаревска на средбата со граѓаните во Куманово.
Таа кажа дека е обезбедено право на паричен надоместок во висина од 50% од месечна нето-плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето-плата по работник, за граѓаните коишто изгубиле работа поради здравствената криза.
„Домаќинставата кои користат гарантирана минимална помош од 4.000 до 10.000 денари зависно од број на членови во домаќинство, ќе остваруваат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за енергенси. Мерките ги креиравме за да дадат финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати на работниците и да овозможат континуитет на работните процеси, но веднаш реагиравме и со конкретни мерки за оние граѓани кои се најдоа во најтешка ситуација поради губење на работното место. Грижата за секој граѓанин е системска и губењето на работното место не дозволуваме да заврши во сиромаштија. Невработените лица имаат право на материјално обезбедување и тоа можат да го остварат на брз и едноставен начин“, рече Лукаревска на средбата со граѓани во Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

