Македонија
Николоска: Концептот едно општество е концепт што води напред и носи грижа за сите
Нашиот регион Полог е најголемата мешавина на различни националности, вери и култури во целата држава. Поранешната политика ни направи длабоки поделби и нè убеди дека за секое зло во животот ни се виновни оние другите. А всушност погледнете околу себе. Како комшии се почитуваме, како колеги се почитуваме, пазаруваме едни кај други и генерално сите што ги знаеме а се од друга национална припадност или вера ги почитуваме. Поделбите се наметнати, а се неприродни, затоа и го воведовме концептот eдно општество за сите, истакна пред гостиварчани носителката во шестата изборна единица од СДСМ, Фаница Николоска.
Истовремено додаде и дека „за овие две и пол години јасно го фативме евро-атлантскиот пат. Видовте дека можеме. Дека сите тие измислени, непремостливи пречки беа само изговор да се изолираме од светот, за една мала група луѓе да ве манипулира и да ви ги краде парите. Наместо суштински реформи, добивте споменици. Наместо праведно судство, добивте нарачани пресуди и судии од тефтерчиња. Наместо социјална помош, добивте скапо платени реклами кои го поматуваа умот со националистички идеи.”
По 11 години пекол, додаде таа, видовте дека само за две и пол години можело да влеземе во НАТО, да ги започнеме европските интеграции и да добиеме поддршка од целиот демократски свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

