Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат е добиено известување дека за 9.7.2020 година (четврток) планирани се технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 8.30 до 14 часот корисниците од ул. „Атанас Бабата“ бр. 26 и околните 4 куќи на истата улица (општина Чаир);
– во периодот од 9 до 12 часот корисниците од ул. „1409“ и дел од потрошувачите околу „БК мебел“, како и железничката станица во Ѓорче Петров (општина Ѓорче Петров);
– во периодот од 9 до 13 часот корисниците од ул. „Даскал Камче“, зграда бр. 1А вл. 1 и вл. 2 (општина Ѓорче Петров);
– во периодот од 8:30 до 10:30 часот корисниците од населбата Центар, делот од ул. „Апостол Гусларот“ до ОУ „Песталоци“ (општина Центар);
– во периодот од 9 до 13 часот корисниците од населбата Гази Баба на ул. „Благоја Стефковски“, поточно потрошувачите помеѓу бензинската на „Макпетрол“, училиштето „Коце Металец” и СУ „Партеније Зографски“ (општина Гази Баба);
– Вво периодот од 13 до 14 часот корисниците од населбата Радишани ул. 18, со броеви над 140 на ул. „Радишанска“ во дел со вкрстување со ул. 18 и ул. 40 (општина Бутел) и
– во периодот од 9 до 14 часот корисниците од населбата Карпош на улиците „Милан Марковиќ“ (од бр. 8 до бр. 35), „Леринска“ (од бр. 1 до бр. 11), ул. „Козле“ (од бр. 15 до бр. 20 и околина на овие објекти) ул. „Крчин“ (од бр. 1 до бр. 13) (општина Карпош).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити-Сецуко: во фокусот подобрување на еколошките услови за сите граѓани на Македонија

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на работна средба ја прими амбасадорката на Јапонија во Скопје, Кавахара Сецуко.
Меџити и Сецуко ја истакнаа важноста од блиско и долгорочно партнерство меѓу двете земји, особено во областа на заштитата на животната средина.
Меџити рече дека оваа средба е доказ за посветеноста на новата Влада за интензивирање на соработката со Јапонија и заедничко реализирање на одржливи еколошки иницијативи и зелен развој во Северна Македонија.
Амбасадорката Сецуко ја изрази подготвеноста на Јапонија да продолжи со поддршка на проекти поврзани со заштита на природата, подобрување на квалитетот на воздухот, управување со водите и зачувување на биолошката разновидност во Северна Македонија.
Меџити ѝ се заблагодари на Јапонија за досегашната поддршка и за експертизата што ја понуди во спроведувањето на еколошките проекти во земјата, но и во регионот, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во справувањето со глобалните прашања како што се климатските промени и зачувувањето на биолошката разновидност, ценејќи ги можностите што ги нуди ова партнерство.
Амбасадорката Сецуко и министерот Меџити ја изразија посветеноста на двете страни да продолжат со тековното партнерство, обезбедувајќи блиската соработка да води кон подобрување на еколошките услови за сите граѓани на Северна Македонија
Македонија
Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Нејзинита сестра Ева со солзи и неверување дека казната за сторителот е само две години.
Плачејќи рече дека казната од две години нема да ја врати жртвата, ама ќе ја олесни маката на семејството. Таа праша, како да запали свеќа на гробот на нејзината сестра и како да и каже да биде задоволна со казната.
„Колку вреди животот во Македонија, колку вреди животот на сестра ми? Дали може некој да ја врати нејзината младост, мојата младост? Две години го осудија човеков, што уби човек. Две години го осудија. Дали некој ќе ми објасни некој колку вреди животот на сестра ми? Со две години треба да бидеме задоволни, со две години треба да и запалам свеќа и да и речам: со две години биди задоволна, ова е законот во Македонија. Не, не може со две години. Максималната казна од пет години мене нема да ми ја врати Теодора, ќе ми ја олесни маката, ќе каже на секој еден што ќе го доживее истово, не дај Боже, дека ќе има правда. Сите веруваа во правда и јас верувам. И јас верувам дека ќе се смени оваа од две години и ќе остане барем максималната казна. Верувам силно дека Теодора нѐ гледа и плаче многу повеќе отколку јас. И верувам дека силата нејзина е во мене. Нема да се откажам, Теодора мора да спие мирно“, порача Ева Ристовска.
Македонија
По голготата со лифтовите во зградата на МТВ кои не работеа, најпосле се сервисирани

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции.
„Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и услугите кои ги нудат“, велат од Владата.
Во изминатите години, лифтовите во зградата често беа неисправни, што создаваше големи проблеми за вработените и граѓаните кои имаа потреба од завршување административни работи во некоја од државните институции, што ја отежнуваше работата во институциите и пристапот до важни услуги.
Зградата на Македонската радио телевизија има 24 ката.