Македонија
АХВ подготви прирачници за приготвување храна за градинките и основните училишта
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачите, во рамките на Програмата за заштита на потрошувачите за 2020 година, изработи прирачници наменети за операторите што приготвуваат храна за градинките и основните училишта. При подготовка на содржините земени се предвид законските прописи, кои се однесуваат на безбедноста на храната, како и Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта, донесен од Министерството за образование.

Во прирачниците се опишани постапките за добрите производни и добрите хигиенски пракси, кои треба да ги применуваат операторите за храна во овој вид објекти. Прирачниците содржат предлог неделно мени, кое ги задоволува потребите за исхрана на децата во предучилишните установи – градинките и учениците од основните училишта.
Прирачниците, покрај на интернет-страниците на Агенција за храна и ветеринарство и Организацијата за заштита на потрошувачите, во рамките на соработка со ЗЕЛС, Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат поставени и на интернет-страниците на општините и основните училишта во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

