Спорт
Рено го потврдија Алонсо за наредната сезона

Формула 1 тимот Рено денес потврди дека Фернандо Алонсо ќе вози за нив наредната сезона. Шпанецот привремено се пензионираше од Формула 1 во 2018 година.
Прославениот шпански ас кој наскоро ќе наполни 39 години најуспешниот период во кариерата го имаше во Рено. Во периодот од 2002 до 2006 година тој два пати стана светски првак.
Потоа возеше за Мекларен, повторно за Рено, Ферари и Мекларен.
„Рено е моето семејство, со овој тим ги имам најубавите спомени, два пати бев светски првак. Сега им се радувам на предизвиците, горд сум што се вратив“, рекол Алонсо.
Фернандо Алонсо во кариерата возел на 314 трки, забележал 32 победи.
Наредната сезона негов партнер во Рено ќе биде Мексиканецот Есебан Окон.
OFFICIAL NEWS
? Fernando Alonso joins Renault DP World F1 Team ?
Renault DP World F1 Team is pleased to confirm Fernando Alonso alongside Esteban Ocon in its driver line-up for the 2021 season.? https://t.co/yjnnGHh8Yb #RSspirit @alo_oficial @OconEsteban pic.twitter.com/Qe0WfBazzN
— Renault F1 Team (@RenaultF1Team) July 8, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФФМ експресно ги соопшти казните за инцидентот во Штип: Играч на Шкупи исклучен од фудбалската организација

Првостепената дисциплинска комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлуки, во врска со инцидентот на натпреварот меѓу Брегалница 2008 и Шкупи 1927 во младинска категорија. Казни добија четворица фудбалери, клубовите и официјалните лица. Ригорозна казна заработи фудбалерот на Шкупи 1927, Абдљи Леарт, кој е исклучен од фудбалската орханизација.
Врз основа на собраните изјави, службени извештаи и пријавата доставена од Комисијата за млади категории во рамки на ФФМ, Првостепената дисциплинска комисија на ФФМ отвори и заврши неколку дисциплински постапки во согласност со Дисциплинскиот правилник (ДП) на ФФМ.
Најтежок инцидент се случи на крајот од натпреварот, кога играчот на ФК Шкупи 1927 со број 9, Абдуљи Леарт, физички го нападна противничкиот играч, нанесувајќи му сериозни повреди. Согласно член 43 став 2 од Дисциплинскиот правилник, со кој се санкционира физички напад со потешки последици, му е изречена најстрога санкција – исклучување од фудбалската организација.
Покрај него, уште двајца играчи на ФК Шкупи 1927 – Рамадани Ибрахим (бр. 5) и Новобрдалија Амар (бр. 30), исто така се вклучија во инцидентот и извршија физички напад. Против нив е поведена постапка согласно член 43 став 1, по што им е изречена казна – забрана на играње во траење од три (3) месеци.
Дополнително, беше утврдено дека играчот на ФК Брегалница 2008 со број 4, Гоцев Симеон, се впушти во груба игра и пречекорена самозаштита, реагирајќи на нападот. За неговата постапка, која спаѓа под член 40 од ДП, му е изречена казна – забрана на играње на четири (4) натпревари.
Одговорност на клубовите и официјални лица на клубовите
Првостепената дисциплинска комисија утврди и организаторска и колективна одговорност на двата клуба.
Против ФК Шкупи 1927 е поведена дисциплинска постапка согласно член 51 од ДП, поради физички напад од страна на родители/навивачи врз противнички играчи, со што е сторен тежок прекршок од страна на навивачи/гледачи. Согласно член 29, санкцијата се однесува конкретно на екипата, помлади пионери која го сторила прекршокот.
Против ФК Брегалница 2008 е поведена дисциплинска постапка согласно член 48 од ДП, поради слаба организација на натпреварот и пропуст во обезбедувањето. И во овој случај, согласно член 29, постапката и евентуалните санкции се однесуваат на конкретната екипа, помлади пионери која била домаќин на натпреварот.
Против Алејса Виши, координатор на млади категории на ФК Шкупи 1927 се поведува дисциплинска постапка поради давање на лажни информации, измама и доведување во заблуда, односно ставање во Комет системот на ФФМ, лица во графата – шеф на стручен штаб и кондициски тренер кои воопшто не присуствувале на натпреварот Брегалница – Шкупи 1927.
Извор/ ffm.mk
Спорт
Себаљос на пат кон Марсеј
Олимпик Марсеј е многу блиску до договор со играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос (29), пишуваат „Ас“ и „Фут Меркато“. Откако Себаљос објави порака на Инстаграм за неговиот „последен танц“ во Реал, се појавија нови информации за неговата иднина. Играчот наводно имал неколку понуди, но според „АС“, Марсеј е најблиску до неговиот потпис.
Проектот на тренерот Роберто Де Зерби му нуди важна улога и место во почетниот состав, што се смета за клучно во неговата одлука. Како што пишува „Фут Меркато“, Себаљос веќе јасно стави до знаење дека сака да се пресели во францускиот клуб.
Себаљос играше во Бетис, Арсенал и Реал Мадрид. Во „кралскиот клуб“, тој одигра 194 натпревари, постигна седум гола и освои 16 асистенции и освои 16 трофеи, од кои три беа во Лигата на шампионите.
Деталите за преселбата во Марсеј не се познати. Тој има договор со Реал до летото 2027 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 10 милиони евра.
Спорт
Барселона не знае каде за две недели ќе ја пречека Валенсија

Барселона е во трка со времето за да го игра натпреварот против Валенсија во 4. коло од Ла Лига на реновираниот „Камп Ноу“. Натпреварот е закажан за 13 или 14 септември, но сè уште не е сигурно дали Каталонците дотогаш ќе ги добијат сите потребни дозволи.
Доколку враќањето на кулниотт стадион не е можно, „Монтиливи“, стадионот на Џирона, се разгледува како резервна опција, додека играњето на „Монжуик“, односно Олимпискиот стадион, е откажано бидејќи концертот на Пост Мелоун ќе се одржи таму на 12 септември, а стадионот нема да биде подготвен за фудбалски натпревар.
Ла Лига нема да дозволи промена на распоредот или промена на домаќинствата, па Барселона не може да игра натпревар на „Местаља“ во Валенсија.
Стадионот „Јохан Кројф“, исто така не е во игра бидејќи со своите 6.000 седишта не го исполнува минималниот капацитет од 8.000 седишта потребни за натпреварите од Примера.
Клубот јасно стави до знаење дека опцијата за играње без публика не доаѓа предвид. Одлучувачка ќе биде инспекцијата на Градскиот совет на Барселона, најавена за вторник.
Потоа ќе се одлучи дали „Камп Ноу“ може повторно да се отвори за навивачите.
Во понеделникот, градежниот инспекотрат, геодетите и компанијата „Лимак“ го потпишаа сертификатот за фаза 1А од работите, со кои стадионот е опремен за 27.000 гледачи.
Технички, ова остава можност дербито со Валенсија да се игра на „Камп Ноу“, но клубот сè уште чека конечни дозволи.
Фото/ Принтскрин