Црна хроника
Кривична пријава против велешки дилер на хероин
Велешката полиција поднесе кривична пријава против 34-годишен дилер од овој град за кој постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, на 29 јануари годинава на улицата Љубљанска, полициски службеници го забележале пријавениот Д.Д. како продава дрога на Д.А..
Купувачот со такси дошол до куќата на пријавениот дилер, по што возилото било сопрено и кај него бил пронајден и одземен хероинот, кој го купил непосредно пред тоа.
По ова, бил извршен претрес во домот на пријавениот и бил пронајден и одземен хероин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.