Спорт
Нани: Гладувавме, во куќите имавме глувци и гуштери!
																								
												
												
											Португалскиот фудбалски интернационалец во редовите на Орландо, популарниот Луис Нани за порталот „Players Tribune” ја раскажа својата животна приказна, пред сè за детството. Нани е роден во Португалија, но како и поголемиот дел од Португалците, неговото потекло е од Зеленортските Острови.
„Приказната почнува во моментите додека гладувавме. Еден ден како дете се уверив дека Бог ме одбрал мене да бидам фудбалер. Живеев со мајка и со 8 браќа и една сестра во куќа која имаше дупки на подот од кои излегуваа глувци и гуштери. Немавме што да јадеме, се боревме за живот“, раскажува Нани.
Гладот не е наивна работа, многу деца секој ден умираат од глад во светот, а Нани објасни како успеал да се извлече од ситуацијата.
„Кој почувствувал глад, до толку устата да ви биде сува, а телото да е толку слабо да не можете ништо да правите, тој знае за што зборувам. Еден ден мојот брат доби идеја, смисли да одиме во богатиот дел на Лисабон и да бараме храна. Пауло знаеше дека ќе имаат вишок храна и ќе ни дадат крекери, супа, леб. Стекнавме и по некој пријател. Им се допаднавме затоа што не крадевме, бевме чесни. Еден ден додека игравме фудбал, Пауло влезе во локална пицерија и побара пица, па луѓето набрзо потоа му донесоа цела пица, само за нас. Бев најсреќната личност на светот. Луѓето ќе помислат дека претерувам, но и ден денес го чувствувам вкусот на таа пица“ – раскажа Нани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Спорт
Дејвид би можел да го напушти Јувентус
														Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) е незадоволен од својата минутажа во Јувентус и би можел да го напушти клубот од Торино во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми.
Дејвид постигна 25 гола и 12 асистенции во Лил минатата сезона, а во јули се пресели во Јуве како слободен играч. Со „Старата дама“, Дејвид потпиша петгодишен договор.
Иако оваа сезона одигра 12 натпревари, не успеа да се етаблира како стандарден играч во првиот тим. Во тие 12 натпревари постигна само еден гол.
Италијанските медиуми тврдат дека новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, би можел да има слух за канадскиот репрезентативец и да му даде поголема улога.
Спалети, кој го наследи Игор Тудор, дебитираше на тренерската клупа на Јуве во саботата, со победата над Кремонезе (2:1), но Давид влезе во игра дури во 85-тата минута.
Исто така, малку е веројатно дека Дејвид ќе биде во почетниот состав за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг.
Спорт
Стефано Пиоли доби отказ
														Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А.
Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба.
Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 пати и го освои италијанското првенство во 2021/22 година, Пиоли имаше и краток престој во Ал-Наср.
Спорт
Спанулис и во иднина ќе ја предводи Грција
														Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција.
Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор.
Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на Евролигата, Монако, а неговата следна цел кога станува збор за репрезентацијата ќе биде да ја однесе Грција на Мундобаскетот во 2027 година.
Спанулис е на клупата на грчката репрезентација од октомври 2023 година, а ја водеше оваа репрезентација на Олимписките игри во Париз една година подоцна.

