Македонија
Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне над 18.000 денари.
„Минималната плата оваа која што е сега дефинирана на 14.500 денари бидејќи тоа е законско решение, тоа е стекнато право, инаку таа е врзана со медијална плата кај нас и ако се направи симулација на растот на просечната плата кој што го предвидуваме до крајот на мандатот некаде би стигнала некаде повеќе од 18.000 денари, што цениме дека ќе биде реалност“, вели Мицкоски.
„Ние зборуваме да го следи трендот на 60 проценти од медијаната сама природна почнувајќи од ова почетна стапка сега 14.500, природно доколку растат просечните плати со стапка на растот од 25 проценти, ќе дојдеме ние до нешто над 18.000 денари“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Очигледно направена е некаква грешка, рече Мицкоски за царината од САД, очекува брзо да се коригира

Премиерот Христијан Мицкоски очекува за брзо да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон Македонија од 33 отсто. Тој вчера најави добри вести од САД за македонските граѓани, но вестите, како што кажа и самиот, се’ уште не стигнале, а процесот е сензитивен. Кога сѐ ќе се заврши, рече премиерот, тогаш ќе излезат во јавноста со детални информации.
Според него, во пресметката за царините кон нашата земја очигледно направена е некаква грешка или се работи за погрешна информација.
„Ние работиме со нашите партнери САД и очекувам многу скоро да се коригира ова кое што очигледно е резултат на некаква грешка или погрешни информации, имајќи предвид дека лани нашата трговската размена со САД беше во негатива, односно сме во дефицит, а тие држави што се во дефицит немаат ваков тип зголемување на давачките“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за зголемувањето на капитациоскиот бод на матичните лекари.
Во однос на тоа како царините ќе се одразат на македонската економија, премиерот рече дека секундарните ефекти би можеле да бидат значително поголеми од директните, доколку земјите од ЕУ не успеат да го надминат спорот со САД.
Премиерот вчера изјави дека Владата и институциите на САД се во постојана комуникација, со тамошното министерство за економија, финансии, Стејт Департментот, кабинетот на претседателот Доналд Трамп.
Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини за увозот од 180 земји, вклучувајќи ја и Македонија. За увозот од Македонија, Трамп одреди царина од 33 отсто.
Владата потоа уверуваше дека одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, а тие имаат план за надминување на ситуацијата. Македонската влада тогаш кажа дека нема потреба од паника и избрзани реакции и заклучоци.
Трговската размена меѓу Македонија и САД минатата година изнесувала 314 милиони долари, од кои што 118 милиони долари е извоз на Македонија.
Македонија
Се зголемува капитацијата за матичните лекари, за гинекологија и за стоматологија

Владата донесе одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори по општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април 2025 година.
Во согласност со оваа одлука, вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, а за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставува зголемување од 33, односно 23 проценти. Ова беше соопштено на заедничката прес-конференција на премиеро, Христијан Мицкоски и на минисерот за здравство, Арбен Таравари.
Зголемувањето доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот 2019 – 2022 година кога бодот изнесуваше 63 и 48 денари.
Премиерот Мицкоски рече дека од 2015 година до сега капитацијата за општа медицина порасна од 50 на 100 денари – удвојување на вредноста за една деценија. За гинекологијата исто така имаме раст од 50 на 100 денари, а за стоматологија од 35 на 75 денари, што е зголемување за 114 проценти.
„Потценетоста на примарната здравствена заштита доведе до намалување на бројот на амбуланти во 2024 година во однос на 2023 година за 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а над стотина помалку амбуланти по општа медицина има сега во однос на 2015 година. Особено намалување има во руралните и помалите места за кои уште во јануари се донесоа посебни мерки“, изјави Мицкоски додавајќи дека државата издвојува речиси 4.5 милијарди за матичните лекари, за гинеколозите и за стоматолозите, а за ова зголемување ќе се издвојат речиси 550 милиони денари или над 9 милиони евра.
Зголемувањето, како што рече тој, ја покажува посветеноста за подобрување на статусот на матичните лекари и обезбедување поквалитетна здравствена заштита за сите граѓани.
Македонија
Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ

Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити.
За односите меѓу нив, во рамки на коалицијата „Влен“, оценката на Меџити е дека тие се добри, а и двајцата комуницираат. Сепак, тројца од четворицата лидери на политичките партии кои ја сочинуваат „Влен“ се согласни дека треба да настапат заедно на локалните избори, но Таравари размислува поинаку.
„Разговараме деновиве сите политички субјекти во коалицијата да се претопат во ‘Влен’, како политичка партија која ќе ги претставува Албанците на локалните избори. Единствениот кој има дилеми и гледа како можна опција и соработка со ДУИ е Таравари, за тоа него ќе го прашате. Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ“, рече Меџити.
Планот е коалицијата да настапи на изборите со заеднички кандидати, листи, штаб, програма и платформа. Меџити се осврна на листите, коментирајќи дека градоначалниците се избираат по мнозински модел, додека самите листи ги фаворизираат големите. Нема смисла, вели тој, ние сме кај големите и сега да одиме кај малите оти тоа ќе значи да се изберат гласови во прилог на ДУИ. Тогаш се поставува прашањето и за кого работиме, додаде Меџити.
Прашан дали се планира владина реконструкција пред изборите, Меџити одговори: Ќе видиме тоа, ќе процениме кои се аргументите.