Македонија
Ибрахим во Охрид: Во следниот мандат очекувајте уште поголем економски развој

Елиминирајќи ги поделбите и омразата, ставивме крај на поларизацијата и почнавме да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се почуствува рамноправен, рече на трибина во Охрид претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, кој исто така е и кандидат за пратеник во Петтата изборна единица на коалицијата „Можеме“.
„Од земја што е скарана со своите соседи, прераснавме во земја што е респектирана членка на НАТО. Со дисциплина и заедничка посветена работа, верувам дека со брзи чекори ќе се движиме и кон влезот на Европската Унија. Тоа го умееме и можеме“, порача Ибрахим.
Во своето излагање тој истакна и дека во следните 4 години акцентот ќе биде ставен на економскиот развој.
Објаснувајќи ги проектираните економски политики и планови што се наоѓаат во изборната програма на ТХП, која е интегрирана и во програмата на коалицијата „Можеме“, претседателот на паријата нагласи дека ТХП пред своите гласачи излегува со конкретни решенија и во доменот на културата и образованието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата

„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава. Корупцијата е двонасочна – и давање и примање мито е криминал“, е главната порака која сакаме да допре до секој граѓанин преку кампањата „Стоп за корупција“, извести Царинската управа.
Во рамки на кампањата „Стоп за корупција“, до 25-ти април на граничните премини и царинските испостави ќе се делат брошури преку коишто јавноста ќе може да се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува истата.
„Ги повикуваме сите граѓани кои ќе бидат сведоци на корупција истото да го пријават на отворената телефонска линија 197 на Царинската управа.
Корупцијата ја поткопува националната безбедност и доведува до даночни загуби, при што како Царинска управа преземаме сеопфатен пристап се со цел целосно сузбивање на корупцијата. Детектирани се ризични точки по кои делуваме преку зголемени контроли, но и спроведување на брзи и ефикасни истраги.
Во текот на изминатите денови кампањата беше спроведена на граничните премини и царинските испостави Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, Меџитлија, Прилеп, Богородица, Гевгелија, Дојран, Блато, Струга, Ќафасан.
Годинава Државната комисија за спречување на корупцијата во извештајот за 2024 година не оцени на високо петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет, при што особено се забележани подобрувања во делот на идентификуваните точки на ризици од корупција, како и преземени конкретни чекори за спречување судир на интереси меѓу кои и изречени дисциплински, но и откази за царински службеници кои постапувале спротивно на законите“, соопшти Царинската управа.
Македонија
Филипче да каже дали исто како Заев има златна виза за Дубаи, и да објасни како ја стекнал, бара ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев поседува златна виза во Дубаи, но ја повикуваме неговата верна сенка и чувар на лидерското столче во СДС, Венко Филипче, да објасни дали тој поседува иста таква виза, бара ВМРО-ДПМНЕ.
„Со оглед на тоа што ова е документ кој се добива со инвестиција, која е од неколку милиони, прашањето е колку милиони однесе во Дубаи Венко Филипче?
Дали тоа е ќарот од ковид кризата, и криминалот направен во тоа време?
СДС да одговори прецизно, дали Филипче има златна виза и како ја добил?“, прашуваат од партијата на власт.
Очекуваат, како што велат, конкретни одговори.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства.
Македонија
ЈП Водовод и канализација: утре ќе работат шалтерите за наплата

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 18.04.2025 година (петок), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат, од 07:30 до 15:30 часот.
Според соопштеното, 21.04.2025 година (понеделник) е неработен ден.