Регион
Во Србија 386 новозаразени и 18 починати, Брнабиќ ги моли граѓаните да се придржуваат до мерките

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, одржа вонредно обраќање до јавноста поради ситуацијата предизвикана на коронавирусот.
Претходно, претседателот Александар Вучиќ за српските медиуми изјави дека денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата.
Ова во обраќањето го потврди и премиерката, која ја соопшти дневната бројка од 386 новозаразени и 18 смртни случаи.
„За 24 часа, дури 18 лица починаа, 130 се на респиратор и од 8.646 тестирани, имаме 386 нови случаи“, рече таа.
„Кога велам дека по речиси сите параметри, ова е еден од најлошите денови, мислам на бројот на смртни случаи, а во некои други работи се приближуваме до најлошиот ден во април. Најлошо беше на 12 април во однос на пациентите на респиратори, а најголема бројка на новозаразени имавме на 16 април. Но, ако вака продолжиме, за жал, набргу ќе ги достигнеме и тие бројки“, рече таа.
„На 30 јуни воведовме маски како обврска во затворен простор, но не гледаме никакво подобрување од оваа мерка. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата за да може соодветно да реагираме“, рече Брнабиќ додавајќи дека не преостанува ништо друго, освен да ги замоли сите граѓани строго да се придржуваат до мерките.
Таа рече дека мерките препорачани од СЗО не се премногу сложени и дека е потребна самодисциплина.
Србија вчера воведе нови рестрикции поради коронавирусот, а најстрого е во Белград, каде што и најмногу се шири инфекцијата. Сепак, по протестите, властите се откажаа од првичната намера за враќање на вонредната состојба и полицискиот час во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Петгодишниот брат ја застрелал малолетната сестра со пушка: децата си играле во семејната куќа во БиХ

Викендов се случил инцидент во БиХ кога петгодишен брат ја застрелал својата малолетна сестра (4) за време на игра.
Обвинителството потврди за Hercegovina.info дека дежурниот обвинител, Јосип Аничиќ, бил информиран за инцидентот и наредил да се спроведе истрага на местото на инцидентот.
– Според моментално достапните информации, братот (5) и сестрата (4) си играле во семејната куќа кога дошло до пукање од воздушна пушка – изјави портпаролката на обвинителството, Петруњела Матијевиќ, за Hercegovina.info, пренесува Srpskainfo.
Таа додаде дека полицајците, по наредба на обвинителот, се во фаза на испрашување на сведоците, со цел да утврдат како пушката се нашла на дофат на децата и кој ја оставил таму.
Според информации на медиумите во регионот, девојчето е добро и стабилно и без сериозни последици.
Фото: Принтскрин
Регион
Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, излезе од затвор

Иво Санадер, поранешен лидер на ХДЗ и премиер на Хрватска, е ослободен од затвор пред да ја отслужи целата казна. Санадер беше условно ослободен од затворот Липовица откако отслужи две третини од казната, објавија хрватските медиуми.
Како што објасни адвокатот Драган Црнковиќ, исполнети се сите законски услови за поранешниот премиер да биде ослободен. Тој рече дека покрај неговата возраст, една од причините наведени во барањето за ослободување е неговата здравствена состојба, но тоа не се главните причини, забележува тој, туку и фактот дека тој го почитува член 59 од Кривичниот законик. Тој истакнува дека на 15 август 2023 година отслужил половина од казната.
Ќе биде должен да се јавува во полиција секој месец и нема да му биде дозволено да го менува местото на живеење и привременото живеалиште.
На прашањето на новинарите дали тоа значи дека ќе има ограничено движење, тој одговори негативно.
„Не знам, може да го запали автомобилот, да оди во Сплит. Само ако има намера трајно да го промени местото на живеење и живеалиштето, мора да добие дозвола“, објасни адвокатот Црнковиќ.
Фото: ЕПА
Регион
Пленковиќ: Хрватска не тргува со оружје и воена опрема со Израел

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, денеска негираше дека Хрватска тргува со оружје со Израел, одговарајќи на барањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ до владата да престане да тргува со оружје и воена опрема со таа земја.
Кога беше замолен да ја коментира изјавата на Милановиќ, Пленковиќ рече дека „нема трговија со оружје и воена опрема со Израел“, пренесува ХИНА.
Хрватското Министерство за одбрана во саботата објави дека официјален Загреб во моментов не набавува оружје за хрватската армија од Израел.