Македонија
Заев на средба со пензионери во Кисела Вода: Пензиите ќе растат уште повеќе
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со носителката на кандидатската листа во изборната единица 1, Мила Царовска, денеска се сретна со пензионери од општина Кисела Вода.
Во разговорите тој истакна дека за три години Владата предводена од СДСМ покажа целосна грижа за највозрасните граѓани, а преку чесните и одговорни политики на СДСМ, пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари и просечната пензија денес изнесува 15.500 денари.
Тоа, додаде тој, е мотив да продолжиме со уште поголема и подобра грижа за пензионерите во следните 4 години.
„Денеска пензискиот фонд е стабилен, загарантирани се пензиите на сегашните, но и на идните пензионери. И во следните 4 години пензиите ќе продолжат да растат. До 2021 година најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 отсто, а минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари“, посочи Заев, повикувајќи ги граѓаните да излезат на 15 јули и на безбедно гласање да заокружат број три за да продолжи напредокот и да не ризикуваат преку негласање да се врати режимот кој само земаше пари од граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

