Македонија
Дисциплинска за полицаецот кој удри граѓанин за време на редовна контрола
МВР поведе постапка за утврдување дисциплинска одговорност за полицискиот службеник, кој беше снимен како удира граѓанин, при вршење редовна служба.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиениот видеозапис на кој е снимено како униформиран полициски службеник удира граѓанин, постапи согласно своите надлежности и утврди дека на 6.7.2020 во 16:30 часот при вршење редовна служба полициски службеник запрел возач со патничко возило ,,јагуар“ кој претходно не ги почитувал сообраќајните правила и прописи. На возачот за констатираниот прекршок му бил издаден прекршочен платен налог при што полицискиот службеник без основ употребил физичка сила – удар со рака во пределот на лицето. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандари констатирано е дека полицискиот службеник Љ.П постапил спротивно на Правилата и прописите за што е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно член 225, а во врска со член 208 став 1 точка 4, 10 и 14 од КД на МВР, а мерка укажување согласно член 207 став 1 и алинеја 1 од КД на МВР, е изречена против тројца полициски службеници кои ги извршувале работните задачи без заштитни маски. За извршените проверки ќе биде доставено известување до надлежното јавно обвинителство за гонење сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања.
Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска постапка пред надлежна комисија во МВР, против М.А., вработен во Одделението за управни работи Охрид поради тоа што постапил спротивно на член 168 од ЗВР според кој вработен во МВР не смее да основа, раководи, застапува или претставува политичка партија и да биде член на органите на партијата. М.А. постапил и спротивно член 9 од Изборниот законик на РСМ според кој на овластените службени лица во МВР им мирува работниот однос откако ќе бидат утврдени како кандидати, но и спротивно интерните акти на министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

