Македонија
Митрески: На 15 јули иднината е во ваши раце, заокружете го бројот 3, заедно можеме уште повеќе
Поминавме многу, и во овие три години и во овие денови од кампањата, од повозрасните добивме мудрост и исуство, од помладите добивме енергија и креативност, ние добивме истрајност да ги решиме најаголемите и најтешките проблеми, кои што оваа наша држава ги имаше, истакна носителот на кандидатската лиса на коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица Јован Митрески, на граѓанската трибина во Ресен.
„ Станавме членка на НАТО, нема повеќе да зборуваме за безбедност, ни за конфликти, во следниот период ќе зборуваме само за економија, бидејќи наша следна цел е да бидеме членка на Европската унија, порача Митрески
Ги решаваме скојдневните проблеми на граѓаните, минималната плата за 2,5 ја зголемивме од 9 на 14.500, и обврзуваме дека за наредните 4 години ќе ја зголемиме на 20.000 денари, ја вративме евтина тарифа на струјата, со што 11 милиони евра остануваат во семејните биџети, ја укинавме радиодифузната такса, со што 14 милиони евра остануваа во секое семејства, воведовме социјална пензија 6000, ја зголемивме социјалната помош за 3 пати, наведе Митрески.
Го решивме пробемот на 12.000 стечајци, кои сега примаат по 8.000 месечено, а на опозицијата 11 години поважни им беа споменици на мачки, кучиња, човек дрво, панорамски тркала, на сите глупости од проектот Скопје 2014 каде протрошија милијарда евра, нагласи Митрески.
Тој истакна дека субвенциите се исплаќаат редовно и неселективно, додавајќи дека директните и индиректните плаќања во земјодлеството ги зголемуваме од 160 на 200 милиони евра, обезбедуваме бесплатна зелена нафта за земјодлелците, како и ваучери.
Во следните неколку дена секој од нас ќе има среда со својата совест, на 15 јули се носи важна одлука, за нашата иднина, за иднината на нашите смејства, за нашите блиски, за нашата држава, се носи одлука дали сакаме да продолжиме напред или да се враќаме назад, рече Митрески.
На 15 јули иднината е во ваши раце, на 15 јули заокружете го бројот 3, заедно можеме уште повеќе уште подобро, ги повика граѓаните на Ресен истакна носителот на кандидатската лиса на коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица Јован Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

