Македонија
Шекеринска од Ресен: „НАТО членството ми дава сила”

Нашата НАТО влезница има преспанска адреса. Преспа е место каде што рековме – сакаме да бидеме во развиениот свет каде припаѓаме. Таа НАТО влезница значи сигурност”, рече носителката на кандидатската листа во ИЕ 5 од коалицијата “Можеме”, Радмила Шекеринска вечерва во Ресен.
„ Паметиме која беше нивната максима – раздели за вечно да владееш. НАТО членството значи дека одлучуваме заедно со сите кои значат нешто во светот. НАТО е влезницата која ми дава сила. Армијата е НАТО Армија која може да помогне секогаш кога е тоа потребно”, истакна Шекеринска.
Шекеринска посочи дека “Преспанскиит договор даде уште една шанса која кажува дека кога ќе ги завршиме преговорите со ЕУ македонскиот јазик ќе биде службен јазик на ЕУ”. “Тоа стана возможно затоа што не сме исти. Носевме решенија”, рече Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.