Македонија
Спасовски и Филипче со здравствените работници: За 40 проценти повисоки плати, лекарите се херои на нашето време
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче попладнево се сретнаа со здратвствени работници во Куманово.
„Повеќе ниту еден лекар не сака да си оди од држаата, знаат луѓето дека се платени, дека се ценети и почитувани и тоа е најважната реформа во здравството на којашто сме горди и којашто ќе повлече многу други унапредувања и успеси во здравството. Планираме да ги зголемиме платите на лекарите уште 40 отсто во следниот четиригодишен мандат. Тука во Куманово, вложивме во Ургентер центар од 900.000 евра, а планираме да ја гасифицираме болницата. Ние домаќински ги насочуваме парите на граѓаните, за да бидат поркиени нивните потреби, а не како режимот што повикува на поддршка да биде обновен, што го сруши до пепел здарвството и го интересираат само тендери за да крадат“, изјави Спасовски и ги повика да гласаат за СДСМ в среда.
Венко Филипче оцени дека сите членови на здравствeниот систем херојски се справуваат со оваа криза.
„Тие се хероите на нашето време. Се покажа дека навремената интервенција даде резултати. Ние секое ветување дадено кон здравствените работници го исполнивме. Најмногу вложивме во човечкиот капацитет на здравствениот систем и само заради тоа успешно се справуваме со коронакризата. Во три години, здравствените работници имаа три покачувања, платата на медицинските работници никогаш не била повеќе качена и никогаш поголема од сега. Продолжуваме да вложуваме во човечките потенцијали и да ги подобруваме условите за работа на лекарите и за третман на пациентите“ рече претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче во Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

