Црна хроника
Еден загинат и четворица повредени во две одделни сообраќајќи кај Демир Капија
Едно лице загина, а четворица се повредени во две одделни сообраќајќи што во четврток наутро се случиле на патот Демир Капија – Удово и Неготино – Демир Капија.
Во првата несреќа, што се случила околу 09:30 часот на патот Демир Капија – Удово, кај местото Луткова река, дошло до судир на товарно возило со унгарски регистарски таблички и возило опел со кавадаречки регистрации. Во судирот загинал 49-годишен кавадарчанец, кој управувал со опелот. Поради несреќата, сообраќајот бил во прекин од 09:30 до 12:30 часот.
Во вториот случај, на патот Неготино – Демир Капија дошло до судир на возило фолксваген со српски регистарски ознаки и товарно возило МАН со гостиварски таблички. Во несреќата повредени се четири лица, од кои едно потешко.
Увидни екипи се излезени на местата на двете несреќи. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

