Вести
Русија негира дека нејзин авион навлегол над Турција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/konasenkov20brifing.jpg)
Руското министерство за одбрана во саботата навечер ги отфрли тврдењата на официјална Анкара дека наводно руски борбен авион „Су-34“ во петокот го нарушил воздушниот простор на Турција и ги оцени како „неиздржана пропаганда“, изјави портпаролот на министерството мајорот Игор Конашенков.
Претходно во саботата турското министерство за надворешни работи објави дека наводно руски воен авион во петокот го нарушил турскиот воздушен простор, откако во ноември турските ловци соборија руски бомбардер кој дејствувал во Сирија, тврдејќи дека навлегол во турскиот простор што Москва не го прифаќа.
„Еден авион Су-34 кој им припаѓа на руските воздухопловни сили го наруши турскиот воздушен простор. Пред повредата од турска радарска станица повеќепати на руски и англиски го предупредија рускиот авион“, се наведува во соопштението на турската дипломатија.
Се додава и дека рускиот амбасадор во Анкара бил повикан во министерството каде што му бил „изразен жесток протест и осуда“ во врска со настанот. Осуда во изјава даде и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека Алијансата ќе го брани територијалниот суверенитет на Турција, но и од Анкара ниту од Брисел не дадоа прецизни податоци каде се случил инцидентот или други податоци во врска со него.
„Никакво нарушување на турскиот воздушен простор од страна на руската воздухопловна група во Сирија немало. Изјавите на турската страна за наводна повреда на воздушниот простор од страна на руски авион Су-34 е неоснована пропаганда“, изјавил мајорот Конашенков на брифинг со новинарите во Москва.
„Уверен сум дека и турските стручњаци за противвоздушна одбрана занаат дека радарска станица (радар), којашто го контролира воздушниот простор, може само да ја фиксира височината на летот, курсот и брзината на објектот во воздухот. Ниту еден од ваквите радарски системи не може да ги утврди типот или државната припадност на воздухопловниот објект, на Русија или на коалицијата предводена од САД“ кои дејствуваат во Сирија, додал портпаролот на руското министерство за одбрана, пренесе агенцијата ТАСС.
Според Конашенков, тоа е можно само со помош на „директен визуелен контакт со друг авион, кој го немало“.
„Да кажат дека со помош на тие радари некој некого го предупредувал на ‘руски и на англиски јазик’, можат само неуки пропагандисти кои гледаат холивудски акциони филмови. Од своја страна, можам категорично да изјавам дека ниту од руските системи за противвоздушна одбрана во Сирија, ниту од страна на сириската радарска контрола не е регистрирано нарушување на сириско-турската граница. А аудио контакт меѓу турската контрола на летањето и нашите пилоти одамна нема“, заклучил Конашенков./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.