Свет
Автомобил бомба експлодира пред канцеларија на Дирекцијата за безбедност во Авганистан
Силна експлозија се слушнала денеска во близина на канцеларијата на авганистанската национална Дирекција за безбедност во северната провинција Саманган, изјавија очевидци за „Спутник“.
Мохамед Седик Азизи, портпарол на гувернерот на Саманган, изјави за „Спутник“ дека неколку милитанти можеби влегле во канцеларијата на НДС. Тој исто така рече дека може да се слушнат истрели во зградата.
تازه خبر
سمنګان ولایت کي چاودنه سوې او په پراخ ډول یی ملکیانو ته زیان اړولی.
پېښه نن دوشنبه سهار شاوخوا یولس بجی سوي ده
د #سمنګان د والي ویاند وايي چاودنه د ښاروالی سره نژدې سیمه کي سوی ده .
هغه وايي د پېښي د ځایه یی روغتونه ۴۰ تنه ټپیان او وژل سوی کسان لیږدولی دي.#ANDSF pic.twitter.com/YAPiQUOLg0— Sada-e Azadi صدای آزادی (@SadaeAzadi) July 13, 2020
Според портпаролот на гувернерот, 43 лица се повредени во инцидентот. Телевизискиот радиодифузен сервис TOLO News исто така објави дека најмалку 43 лица, меѓу кои и три деца, биле хоспитализирани по експлозијата.
Според Мохамед Хашим Сарвари, заменик-началник на провинцискиот совет, експлозијата била толку моќна што се слушала со километри и оштетила повеќе згради.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

