Македонија
Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години
Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови. Тоа значи дека 10,73 проценти од тестираните биле заразени.
Повеќе од половина од нив во епидемиолошката анкета не пријавиле дека имале контакт со веќе заразено лице, ниту, пак, дека патувале во странство.
Останатите, 423 заболени имале контакт со потврден случај, а регистрирани се и 22 лица со историја на патување во последни 14 дена.
Најголем дел од случаите или 42 проценти се од Скопје.
Центарот за јавно здравје регистрира заболени од сите возрасни групи, но најзастапени се граѓаните над 60 години со 245 позитивни, а потоа и лица на возраст од 30 до 39 години, кои се вкупно 20 проценти, па следуваат заразените на возраст од 50 до 59 години со 19 проценти и од 40 до 49 години со 18 проценти. Најмал број на заболени е регистриран кај деца од 0 до 9 години и од 10 до 19 години.
Според извештајот на Центарот за јавно здравје, од заразените регистрирани изминатата недела 542 се женски лица, а 531 се машки лица. Од случаите кои се епидемиолошки истражени, регистрирани се 114 хоспитализирани, а кај 270 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од пријавените 36 смртни случаи во седум градови за една недела, најголемиот дел или 17 лица се од Скопје, а потоа, шест од Тетово, четири од Гостивар, две лица од Штип, четири од Струга, два од Куманово, еден од Дебар.
Како оздравени, се водат 1.017 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, откако добиле два негативни теста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.