Свет
Руски и турски војници повредени во експлозија во Сирија
Тројца руски војници и неколку припадници на турските сили се повредени во експлозија на бомба поставена веднаш до патот во зоната на деескалација во сириската провинција Идлиб.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека бомбата jа поставиле сириски милитанти во близина на заедничката руско-турска патрола .
Русија по експлозијата ја повлече својата патрола назад во базата, пренесува „Ројтерс“.
Едно руско и едно турско борбено возило се оштетени во нападот во близина на градот Арих.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потпретседателката на Филипините: Ако ме убијат мене, убијте го претседателот
Потпретседателката на Филипините, Сара Дутерте рече дека треба да се убие претседателот Фердинанд Маркос Џуниор, ако таа самата биде убиена, што ја натера канцеларијата на Маркос на „итна соодветна акција“.
Во драматична слика за продлабочувањето на јазот меѓу двете најмоќни политички семејства на оваа земја во Југоисточна Азија, Дутерте на прес-конференција рече дека разговарала со атентаторот и му наложила да ги убие Маркос, неговата сопруга и претседателот на филипинскиот парламент, ако таа самата била убиена.
„Реков не застанувај додека не ги убиеш, а потоа тој рече ‘да’“, изјави Дутерте.
Канцеларијата за претседателски комуникации одговори со соопштение во кое се вели: „Постапувајќи по јасната и недвосмислена изјава на потпретседателката дека таа ангажирала атентатор да го убие претседателот доколку успее наводниот заговор против неа, извршниот секретар ја проследи оваа активна закана до претседателската безбедносна команда за итна соодветна акција“.
„Секоја закана по животот на претседателот мора секогаш да се сфати сериозно, особено што оваа закана беше јавно откриена на јасен и несомнен начин“, се вели во соопштението за печатот.
Кабинетот на Дутерте не одговори веднаш на барањето за коментар на изјавата од претседателскиот кабинет.
„Оваа земја оди по ѓаволите бидејќи нè води личност која не знае да биде претседател и која е лажго“, рече таа на пресот.
Дутерте, ќерката на претходникот на Маркос, поднесе оставка од неговата влада во јуни, додека остана потпретседател, сигнализирајќи го колапсот на силната политичка алијанса што им помогна на неа и на Маркос, синот и истоименикот на покојниот авторитарен лидер, да обезбедат убедлива изборна победа во 2022 година.
Претседателот на парламентот Ромуалдез, братучед на Маркос, го намали буџетот на кабинетот на потпретседателот за речиси две третини.
Испадот на Дутерте е последен во низата зачудувачки индикации за раздор во врвот на филипинската политика.
Во октомври таа го обвини Маркос за неспособност и рече дека замислува да му ја отсече главата.
Двете семејства се во судир околу надворешната политика и смртоносната војна на поранешниот претседател Родриго Дутерте против дрогата.
На Филипините, потпретседателот се избира одвоено од претседателот и нема официјални должности. Многу потпретседатели беа ангажирани во општествениот развој, додека некои беа именувани на позиции во владата.
Свет
Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави на, како што рече, новите ризици откако Русија искористи нова ракета со среден дострел.
Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека потегот на Русија бара сериозен одговор за да се спречи, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин да ја прошири војната и да ги почувствува вистинските последици од неговите постапки.
Путин во четвртокот рече дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрела нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која современите системи немаат начин да се спротивстават.
Свет
САД: Северна Кореја е подготвена за можна седма нуклеарна проба
Соединетите Американски Држави веруваат дека Северна Кореја е подготвена за можна седма нуклеарна проба, за која само се чека политичка одлука, изјави денеска заменик-помошникот државен секретар за контрола на вооружувањето.
Се додава дека САД и нивните сојузници брзо и одлучно ќе одговорат на евентуалниот нуклеарен напад на Северна Кореја врз Јужна Кореја.
Предупреди дека уште една нуклеарна проба од Северна Кореја ќе ги ескалира регионалните тензии и ќе претставува „безбедносен ризик за целиот свет“, објави Јонхап.