Македонија
Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 83, Куманово – 12, Дебар – 1, Штип – 21, Прилеп – 2, Тетово – 9, Струга – 3, Велес – 2, Битола – 11, Охрид – 3, Гостивар – 10, Радовиш – 7, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 3, Свети Николе – 27, Кичево – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 71, Штип – 7, Тетово – 12, Велес – 1, Битола – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Кичево – 1, Ресен – 2.
Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.530, бројката на оздравени пациенти е 4.565, на починати – 393, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.572. Во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје – 4.035, активни 1.804
• Куманово – 880, активни 212
• Дебар – 154, активни 92
• Штип – 484, активни 195
• Прилеп – 304, активни 64
• Тетово – 894, активни 286
• Струга – 340, активни 166
• Велес – 205, активни 34
• Битола – 84, активни 40
• Охрид – 230, активни 122
• Кавадарци – 27, активни 19
• Гостивар – 250, активни 157
• Гевгелија – 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица – 24, активни 16
• Крива Паланка – 19, активни 8
• Радовиш – 15, активни 11
• Крушево – 12, активни 7
• Кочани – 78, активни 12
• Пробиштип – 39, активни 24
• Демир Хисар – 11, активни 10
• Македонски Брод – 9, активни 5
• Пехчево – 6, активен 1
• Берово – 4, активен 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 9, активен 1
• Свети Николе – 147, активни 134
• Кичево – 85, активни 71
• Ресен – 139, активни 73
• Неготино – 22, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.382 теста се преку: ИЈЗ – 521, ЦЈЗ Скопје – 21, „Авицена“ – 163, „Биотек“ – 96, МАНУ -159, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 223, „Систина“ со PCR-метода – 160, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 38, КИБФС (Инфективна клиника) – 1. Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 8 деца позитивни и 2 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 29, а во болницата во Штип – 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 123 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

