Спорт
Јувентус водеше, па спасуваше бод против Сасуоло

Јувентус освои бод против Саусоло, натпреварот во Реџо Емилија заврши 3:3. Вечерва, Лацио со Серија А ја продолжи лошата серија, 0:0 во Удине кај Удинезе, Фиорентина одигра за Џенова откако победи во Лече со 3:1, а Рома ја совлада Верона со 2:1.
Јувентус не успеа да го победи Саусоло иако по 12 минути игра имаше предност од 0:2. Данило го постигна првиот гол во петттата минута, а во седум минути подоцна гол постигна Игуаин по брилијантната асистенција на Пјаниќ.
Сасуло намали преку Ѓуричиќ во 29. минута.
Во вториот дел Сасуоло за 180 секунди направи пресврт. Берарди постигна гол за 2:2 во 51. минута, а во 54. минута Капуто му донесе предност на својот тим.
Бод за Јувентус спаси Алекс Сандро во 64. минута со својот прв гол оваа сезона.
До крајот на мечот Саусоло имаше голема шанса преку Бога, но неговиот удар во 84. минута од гол-линијата го одбрани Алекс Сандро.
Јувентус е лидер со 77 бода, девет повеќе од Интер, но екипата на Антонио Конте утре игра кај СПАЛ и ќе може да ја намали предноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол.
По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа на Велс би бил најповолен исход за Македонија, која потоа со победи против Казахстан и Велс би обезбедила директен пласман на Мундијалот.
Следен натпревар: Македонија – Казахстан во Скопје (20:45 ч.), а потоа големото гостување во Велс на 18 ноември.
Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.