Вести
Боко Харам го нападна нигерискиот град Гомбе

Тешко вооружените припадници на нигериското ислмистичко движење Боко Харам го нападнаа североисточниот нигериски град Гомбе во саботата, пренесуваат агенциите повикувајќи се на сведочења на жителите на градот кои успеале да побегнат и на извор од безбедносните сили.
Експлозии и истрели се слушале откако милитантите извеле масовен напад врз контролен пункт на периферија од градот, кој и порано беше цел на гранатирања на Боко Харам, но досега бунтовниците никогаш досега не се обиделе да го заземат.
Очевидецот Андул хасан за Reuters изјавил дека војниците побегнале по појавувањето на милитантите на контролниот пункт. Милитантите потоа ја запалеле полициската станица на периферијата на Гомбе, додал.
Борците на Боко Харам кои првично имаа намера да воспостават исламска држава во северноисточна Нигерија станаа најголемата закана за најголемата африканска економија и главен производител на нафта. Во изминатите години од 2009-та кога оваа група која некои ја сметаат за секта и се противи на западниот модел на образование ги разгоре борбите и ги префрли и на другите сојузни држави во Нигерија, се проценува дека загинале околу 15 илјади луѓе, а во заложништво држат стотици лица. Но групата се’ повеќе станува опасност и за соседните Камерун, Нигер и Чад каде исто така врши напади, а кои се обединија во борбата против исламистите.
Нигерија одлучи претседателските избори коишто беа предвидени да се одржат во саботата за шест седмици поради безбедносни закани Боко Харам.
Исламистите во петокот нападнаа едно село во Чад, што е прв смртоносен напад во оваа земја кој го изврши нигериската радикална група и притоа беа убиени десетина лица./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.