Свет
На светот повторно му се заканува затворање поради коронавирусот
Земјите во светот повторно воведуваат рестриктивни мерки и контрола на границите за да го сузбијат повторното ширење на Ковид-19, пред заразата да излезе од контрола.
Од вчера сите патници кои влегуваат во Грција на границата со Бугарија треба да имаат потврда за негативен тест на коронавирус, кој не е постар од 72 часа и да биде преведен на англиски јазик. Новите правила, усвоени по растот на бројот на случаи поврзани со доаѓањето на туристите, веднаш доведоа до пад на бројот на патници.
„Времето за предупредување и за попуштање на луѓето заврши. Се наоѓаме во многу сериозна и смртносна ситуација“ изјави премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус.
Во светот од коронавирус се заразени повеќе од 13 милиони луѓе, а речиси 580 илјади се починати, покажуваат податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Се проценува дека бројот на заболени е многу поголем од потврдениот поради низа причини, меѓу кои е и ограниченото тестирање.
Рестрикциите повторно стапија на сила во Хонгконг, каде што јавните собири се ограничени на четворица луѓе, на рестораните по 18 часот им е дозволена само достава на храна, а на една недела затоврени се и фитнес-салите, баровите и другите бизниси. Во јавниот превоз за првпат е задолжително носењето маски, а казна ќе има за оние кои нема да носат.
Израел минатата недела повторно воведе мерки за сузбивање на коронавирусот. Ги затвори големите концертни сали, баровите и клубовите. Во подрачјата со висока стапка на заразени воведени се рестрикции, што доведе до протести.
Експертите предупредуваат дека ќе мора повторно да се затвори целата земја ако не се намали бројот на заболени во наредните неколку дена.
„Не гледам кои други средства ни се на располагање освен рестрикциите. Освен ако не се случи некое чудо“, рекол израелскиот министер за здравство, Јули Еделстин.
Во Јужноафриканската Република веќе се видливи знаците на преоптовареност со пандемијата – што е многу лош сигнал за останатиот дел од континентот. Оваа недела е воведена забрана на продажбата на алкохол и полициски час за време на вечерта за да се намали бројот на случаи во итната помош, додека болниците се обидуваат да примат голем број заболени од коронавирус.
Во Шпанија властите во Каталонија се обидуваат да сузбијат ново жариште, а здравствените работници предупредуваат дека е потребно подобро и поголемо следење на контактите со заразените. Од вторникот на полноќ 160 илјади жители на градот Љеида и околните подрачја можат да ги напуштат своите домови само со адекватно оправдување. Таа област е блокирана, а пред сите општини има полициски контролни пунктови. Баровите и рестораните работат само со испорака на храна.
Во Јапонија, пак, гувернерката на Токио, Јурико Коике, рекла дека ширењето на заразата ескалирало до алармантно ниво и побарала од граѓаните и бизнисите да ги почитуваат превентивните мерки.
Белорусија во меѓувреме најави отворање на границите со Русија и обновување на сообраќајот меѓу двете земји во следните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

