Македонија
Мицкоски: Подготвени сме да преговараме со ДУИ, но не прифаќаме премиер Албанец
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вчеравечер по изборниот ден не ѝ се обрати на јавноста и денес за првпат ги искоментира резултатите, рече дека СДСМ добил повеќе гласови како резултат на поткуп и притисоци.
Тој посочи дека е подготвен да преговара со ДУИ, но нема да прифати премиер Албанец.
„ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина. Ова е резултат постигнат во тешки околности, силни притисоци и бројни нерегуларности. Власта спроведе масовен поткуп. Сајтот на ДИК не работи, а добиваме податоци дека гласовите се сомнително броени. Сето ова ми дава за право да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата влада. Јас сум оптимист бидејќи постапуваме чесно и одговорно. Ова е тешка битка и со вас, граѓаните, ќе победиме. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила, ова е партија на народот. Притисокот и масовниот поткуп резултираа со 10 илјади гласови повеќе за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет за состав на новата влада. Преговорите допрва ќе почнат. Јас под услови не работам. ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има помалку 10.000 гласови од коалицијата СДСМ и Беса“, рече Мицкоски.
На прашање дали е можна коалиција со СДСМ и Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема намера да коалицира со луѓе кои се осомничени за криминал, но не сакаше да каже дали вчеравечер контактирал со некој од лидерите на партиите од албанскиот блок.
„Не направивме предизборна коалиција со политичките партии од албанскиот блок, но не значи дека нема да направиме постизборна коалиција. И во 2016 и овој пат,коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пратеници од коалицијата на СДСМ. Додека народот ја дава поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за народот“, додаде Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ќе поднесат преговори до ДИК за изборите, но не кажа колку и на што ќе се однесуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

