Регион
(Видео) Милановиќ му подаде рака на Пленковиќ, тој му одговори со лакотот
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, го пречека претседателот на ХДЗ, Андреја Пленковиќ, со испружена рака денес во Пантовчак, а премиерот, како што пренесуваат хрватските медиуми, му возврати со лакотот поради епидемиолошките мерки.
„Не смееме?“, Милановиќ го праша Пленковиќ.
„Ти велиш дека е кариес, јас велам дека не смееме“, му рече Пленковиќ шегувајќи се.
NE DLANOM, NEGO LAKTOM!Na početku današnjeg susreta, predsjednik Republike Zoran Milanović pružio je ruku Andreju Plenkoviću, koji se odbio rukovati i pružio lakat. Plenković je danas inače dobio mandat, bit će 16 ministarstava: https://bit.ly/3fLoJ6I
Posted by HRT Vijesti on Четврток, 16 јули 2020
Пленковиќ му донесе на Милановиќ потписи од 76 новоизбрани пратеници во хрватскиот парламент, кои ќе го сочинуваат парламентарното мнозинство.
Врз основа на тие потписи Милановиќ ќе му даде на Пленковиќ мандат да формира нова влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.
Регион
Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија
Утрово земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.