Македонија
ДИК: Коалицијата „Можеме“ освоила 327.329 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ – 315.344
Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ освоиле најмногу гласови на парламентарните избори, односно 327.329 гласа.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, ДУИ – 104.587 гласа, Алијансата за Албанците и Алтернативата – 81.297, Левицата – 37.551, ДПА – 13.891, Интегра – 12.291, ГДУ – 3.555 гласа, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Според неофицијалните резултати од предвремените избори што се одржаа вчера, коалицијата предводена од СДСМ освоила 327.329 гласа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 315.344 гласа, а ДУИ освоила 104.587 гласа.
Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат освено 81.297 гласа, Левицата добила 37.551 глас, ДПА има 13.891 глас, Интегра добила 12.291 глас, ГДУ добила 3.555, работничката партија МОРО добила 3.245 гласа, Глас за Македонија има 2.801 глас, Единствена Македонија добила 2.604 гласа, СДУ има 2.585 гласа, Твоја има 1.894 гласа, демократите имаат 1.556 гласа и Народната партија на Ромите добила 1.225 гласа.
ДИК објави дека СДСМ освоил 46 мандати, а ВМРО-ДПМНЕ има 44 мандати. ДУИ има 15 мандати, Алијансата за Албанците има 12 мандати. Левицата има вкупно два мандата и ДПА еден мандат. Во Првата изборна единица СДСМ има осум мандати, ВМРО-ДПМНЕ има 7 мандати, ДУИ има два мандата, Алијансата за Албанците и Алтернативата добиле два мандата и Левицата има еден мандат.
„Во Првата изборна единица коалицијата ‘Можеме’ освоила 54.578 гласа, односно 34,12 проценти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 50.564 гласа или 31,61 процент. ДУИ освоила 19.672 гласа или 12,03 проценти од гласовите. Алијансата за Албанците освоила 14.143 гласа или 8,84 проценти. Левицата освоила 12.124 гласа во Првата изборна единица или 7,58 проценти. Интегра освоила 2.447 гласа, ДПА има 1.964 гласа, Твоја има 1.210 гласа, Глас за Македонија добила 940 гласа, СДУ има 778 гласа, ГДУ – 530, МОРО – 451, Единствена Македонија има 334 и демократите – 216 гласа“, рече Дерковски.
Во Втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат еднаков број, односно по седум мандати. ДУИ и Алијансата за Албанците со Алтернативата имаат по три мандати. Во Втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освиле 47.929 гласа, односно 31,34 процент.
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освоила 47.852 гласа или 31,29 процент. ДУИ освоила 22.078 гласа или 14,44 проценти. Алијансата за Албанците и Алтернативата има 20.783 гласа, односно 13,59 проценти. Левицата освоила 5.896 гласа или 3,86 проценти. Интегра има 2.516 гласа или 1,65 процент. ДПА има 1.821 глас, Народната партија на Ромите има 1.225 гласа, Единствена Македонија има 552 гласа, Глас за Македонија има 488 гласа, СДУ има 427 гласа, МОРО има 402, Твоја има 390, ГДУ има 348 и демократите има 236. Во Третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имата 10 мандати, СДСМ има 9 мандати и Левицата има 1 мандат.
Во Изборната единица три ВМРО-ДПМНЕ добила 71.551 глас или 45,82 проценти. Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има 66.853 гласа или 42,81 процента. Левицата освоила 6.939 гласа или 4,44 проценти. ДУИ има 3.331 глас или 2,13 процента. Интегра има 2.364 гласа, ГДУ има 1.448. Алијансата за Албанците и Алтернативата освоиле 992 гласа, МОРО има 773 гласа, СДУ има 473, Глас за Македонија има 456 гласа, Единствена Македонија има 404 гласа, демократите имаат 283 гласа, ДПА има 242 гласа. Во „четворката“ СДСМ освоил 10 мандати, ВМРО-ДПМНЕ има 10 мандати.
Во Четвртата изборна единица коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освоила 77.195 гласа или 46,76 проценти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 74.478 гласа или 45,11 проценти. Левицата освоила 6.836 гласа или 4,14 проценти. Интегра има 2.706 гласа или 1,64 процент. Единствена Македонија има 839, МОРО има 703, СДУ, пак, освоила 502 гласа, Глас за Маедконија има 493, ГДУ има 450, демократите – 397, ДУИ има 293 и Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат 213 гласа. Во „петката“ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат еднаков број мандати, односно по осум. ДУИ, пак, доби три мандати, а Алијансата на Албанците со Алтернативата добија еден мандат.
Во Петата изборна единица коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освоила 56.622 гласа или 36,67 проценти. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 55.159 гласа или 35,72 проценти. ДУИ освоила 21.745 гласа или 14,08 проценти. Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат 10.716 или 6,94 проценти. Левица освила 4.715 гласа или 3,05 проценти. Интегра има 1.731, ДПА – 781, ГДУ има 739 гласа, МОРО има 543 гласа, Глас за Македонија има 424 гласа, СДУ има 405, Твоја има 294, Единствена Македонија има 293 и демократите имаат 234 гласа.
Во последната, односно Шестата изборна единица, ДУИ освоила седум мандати, Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат по шест мандати, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има четири мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат два мандата и еден мандат има ДПА. Во Шестата изборна единица ДУИ освоила 37.468 гласа или 30,41 проценти. Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат 34.450 гласа, односно 27,096 проценти. Коалицијата „Можеме“ освоила 24.229 гласа или 19,67 проценти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 19.663 гласа или 12,71 проценти. ДПА освоила 9.083 гласа или 7,37 проценти. Левицата има 1.041 глас, Интегра има 527 гласа, МОРО има 373, демократите имаат 190 и Единствена Македонија добила 182 гласа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.
Македонија
Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествува на тридневна регионална конференција во Букурешт, Романија. Конференцијата насловена – Од рамка до акција: Градење посилни, поинклузивни и интегрирани социјални услуги ги обедини креаторите на владини политики на европско ниво, претставниците на Светска Банка за Европа и Азија, академската фела и експертите за социјални политики со цел размена на искуства и унапредување на социјалните сервиси.
Министерот Лимани кој се обрати во министерската сесија се осврна на реформата на системот за социјална заштита во Северна Македонија, започната во 2019 година, која претставува директен одраз на стратешките приоритети на Владата – социјална правда, економска инклузија, грижа за младите и семејствата и изградба на функционална, модерна и дигитална држава.
„Во услови на повеќекратни кризи – економски, здравствени и енергетски, ние одлучивме да инвестираме во луѓето. Затоа оваа реформа е вредносна. Таа ја промени логиката на системот: од фрагментирана помош кон интегрирана, од администрирање кон грижа, од централизирани институции кон услуги блиску до граѓаните. Оваа реформа е резултат на долгогодишната и континуирана соработка со Светска банка, чија стручна и финансиска поддршка беше од клучно значење за нејзината подготовка и успешна имплементација. Без оваа поддршка, реформскиот процес тешко дека ќе беше реализиран или ќе ги постигнеше планираните резултати ,“ истакна Лимани.
Тој истакна неколку клучни промени кои придонеле за унапредување на социјалната заштита во државата, како креирање на цврста законска и институционална рамка, усогласена со европски стандарди. Притоа ги посочи новиот Закон за социјална заштита, Законот за социјална сигурност на стари лица и измените на Законот за заштита на децата кои се темелот за градење на стабилен систем кој е правичен, транспарентен, одржлив.
„Борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост ја адресиравме преку темелна реформа на паричните надоместоци. Го поедноставивме системот, воведовме реално таргетирање според потребите на домаќинствата и ги зголемивме износите за најранливите категории за над 300%,“ посочи Лимани.
Лимани зборуваше и за темелната реформа на центрите за социјална работа, со која социјалната заштита се трансформира од пасивен во активен систем. Зборуваше за инвестициите во инфраструктурата, човечките ресурси и професионализацијата на услугите.
Тој ја истакна децентрализацијата и развојот на социјалните услуги како јасен и директен одраз на владината политика за рамномерен регионален развој.
„Денес функционира мрежа од над 150 лиценцирани даватели на социјални услуги, а услугите за помош и нега во домот и личната асистенција се веќе реалност во десетици општини низ државата, обезбедувајќи поддршка, достоинство и поголема вклученост за најранливите категории граѓани. Како резултат, освен што се подобри грижата, се создадоа и над 1.500 нови работни места за лица кои претходно беа корисници на социјална помош или долгорочно невработени,“ рече Лимани.
Тој се осврна и на воспоставувањето на интегриран дигитален систем кој поврзува институции и овозможува 90% од податоците да се разменуваат по службена должност, во реално време. Тој посочи дека тоа значи помалку администрација, помалку коруптивен ризик и повеќе доверба во институциите.
„Оваа реформа е доказ дека социјалната политика може да биде столб на економскиот развој, демографската стабилност и европската интеграција,“ порача Лимани.
Во рамки на посетата на Романија, министерот Лимани оствари билатерална средба со министерот за труд, семејство, млади и социјална солидарност на Романија, Петре-Флорин Маноле. На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу двете земји и продлабочување на истата и размена на искуства во областите кои се во надлежност на министерствата, а од која придобивки би им имале граѓаните на двете држави.
Македонија
АА: Нема да дозволиме преку политички маневри да се укине институционалната застапеност на Албанците
Алијансата за Албанците реагира на информациите дека Подрачната единица за внатрешни работи Струга–Дебар–Кичево се предвидува да биде деградирана во единица од втора категорија. Од таму велат дека нема да дозволат преку административни одлуки или политички маневри да се укине институционалната застапеност на Албанците и да се погази принципот на еднаквост во оваа држава.
„Алијансата за Албанците чувствува јавна и институционална обврска силно да реагира на сериозните информации кои кружат во јавноста, според кои Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за внатрешни работи, подготвува законски измени и нова систематизација на работните места кои директно и штетно го нарушуваат институционалниот статус на градовите Струга, Дебар и Кичево“, изјави Њомза Асани Шаќири, портпаролка на Алијансата за Албанците.
Според неа, со овие измени, Подрачната единица за внатрешни работи Струга–Дебар–Кичево се предвидува да биде деградирана во единица од втора категорија, при што, како што вели, ќе ги изгубат основните оперативни надлежности, командната структура и функционалната автономија. Асани Шаќири додава дека сите надлежности се предвидува да бидат префрлени под јурисдикција на Секторот за внатрешни работи во Охрид.
„Оваа административна реорганизација не е само техничко прашање. Таа произведува сериозни политички, институционални и општествени последици. Конкретно, во градовите со албанско мнозинство повеќе не се предвидуваат клучни раководни позиции во безбедносните структури, како што се: началник на полицијата, началник на одделението за борба против криминал и заменик-командир во полициските станици“, рече Асани Шаќири и додаде дека систематското укинување на овие позиции претставува сериозен удар врз институционалната застапеност на Албанците и реален ризик за локалната безбедност и довербата на граѓаните во државните институции.
Во овој контекст, рече таа, Алијансата за Албанците упатува директен повик до претставниците на коалицијата ВЛЕН да ја преземат политичката одговорност што им припаѓа, да реагираат без одлагање и јасно да се позиционираат во заштита на интересите на албанските граѓани во Струга, Дебар и Кичево.

