Македонија
МВР го истражува хакерскиот напад на веб-страницата на ДИК
„Се случи хакерски напад на веб-страницата на ДИК за што го известивме МВР за сајбер-криминал. Тие денеска беа тука и се надевам дека бргу ќе откријат за што се работи. Тоа беше надворешен напад“, информира денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Според него, станува збор за хакерски напад, кој предизвикал мало одложување на оперативната активност.
„Притоа се појавија разни лажни вести, кои ги демантирам. ДИК работи во согласност со Законикот и има постапка со која ги добиваме сите материјали. Во текот на ноќта постојано работевме, овој пат тоа беше подолго, но е поради разбирливи причини, бидејќи беше пролонгирано заворањето на избирачките места. Ниту од серверот не може да се појават вести со изборни резултати. Се обидовме да ги забрзаме резултатите со софтверски систем, но бевме цел на хакерски напад и не можевме да ги презентираме. Ве уверувам дека апликацијата беше во функција. Со ова сакам да се извинам за можеби малото доцнење бидејќи мора да се обработат сите записници, број 16, од секое избирачко место“, рече Дерковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

