Црна хроника
Запленети нови 15 кг. марихуана на ГП „Табановце“
Царинските службеници во петок околу 14.00 часот спречиле обид за нелегално пренесување на нови 15 килограми марихуана.
Поради сомнително однесување на возач – албански државјанин на возило марка „мерцедес“ со бугарски регистарски таблички, пријавено за излез од државата, царинските службеници на граничниот премин „Табановце“ пристапиле кон детална контрола на возилото.
Притоа, во плинската боца – резервоар за системот за погон на возилото, пронајден е посебен специјално направен сад од метал, кој бил херметички затворен и вметнат во резервоарот, во чија внатрешност се откриени 15 најлон ќеси со непозната растителна материја.
При тестирање со тестер за дрога утврдено е дека станува збор за високо квалитетна марихуана (сканк) со вкупна тежина од 15 кг. Вредноста на дрогата, доколку би се продавала на западноевропскиот пазар би достигнала околу 100 илјади евра.
Лицето е предадено на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа, кои во моментов вршат распит.
По завршување на истражната постапка и комплетирање на доказниот материјал, лицето и целокупното досие ќе бидат изнесени пред истражен судија. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

