Економија
ЕБОР одобри 20 милиони евра кредит за приватните бизниси во земјава погодени од корона-кризата
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредитна линија во износ од 20 милиони евра на „Шпаркасе банка Македонија“, за кредитирање на локалните приватни бизниси и корпорации погодени од пандемијата на коронавирусот.
Македонската економија е помалку зависна од туризмот во споредба со земјите на Западен Балкан, но производството и трговијата имаат силно влијание. Новото финансирање е витално за надминување на моменталната криза, а преку „Шпаркасе банка Македонија“, ЕБОР ќе може да ги поддржи компаниите на кои им е потребна помош.
ЕБОР брзо одговори на корона-кризата преку лансирање на Пакетот за солидарност. Банката очекува вкупните инвестиции да достигнат до 21 милијарди евра во 2020-21 година и да бидат насочени кон одговор и обнова на економиите од пандемијата на коронавирусот.
„Шпаркасе банка Македонија“ е основана во 1992 година и е долгорочен партнер на ЕБОР. Таа е дел од „Ерсте и Шпаркасе групацијата“, со удел на пазарот во Северна Македонија од над 5,5% во корпоративниот сегмент. Нејзината силна локална мрежа во земјата ќе обезбеди финансирање на малите бизниси да биде пошироко достапно.
„Горди сме што го потпишуваме овој договор со ‘Шпаркасе банка Македонија’, нашиот долгорочен партнер. Посветеноста на банката да го опслужува приватниот сектор и нејзината одличната позиционираност во земјата ја прават идеален партнер за пласирање на средствата на ЕБОР и обезбедување помош и ликвидност на компаниите кои поминуваат во овој период на досега невидена неизвесност. Обезбедувањето финансиска помош и ликвидност за време на овие тешки времиња е есенцијално за поддршка на целата економија во земјата” изјаави Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.
„ ‘Шпаркасе банка Македонија’ водена од принципите на општествено одговорно работење на ‘Штаермеркише Шпаркасе групацијата’ и согласно усвоените мерки на Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија, разви мерки и решенија за поддршка на долгорочни одржливи бизниси кои во моментов се погодени од пандемијата на Ковид-19. Ќе продолжиме преку нашето партнерство и поддршка од ЕБОР да работиме заедно со нашите клиенти со цел да придонесеме колку што може повеќе во минимализирање на негативните ефекти од коронавирусот во нашата земја”, изјави Глигор Бишев, главен и извршен директор на „Шпаркасе банка Македонија“.
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2 милијарди евра во 133 проекти во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)