Спорт
Хаос во ФК Вардар – клубот е пред амбис, играчите на улица?!

Македонскиот фудбалски бренд, ФК Вардар, е во крајно незавидна ситуација.
Информациите од „црвено-црниот“ табор се дека од денеска сите играчи се слободни и може да бараат ангажман во други средини. На денешниот состанок меѓу играчите и раководството било кажано дека клубот нема финансии и поради тоа играчите се слободни.
Откако Сергеј Самсоненко реши дека во иднина не сака и не може да го финансира Вардар, поради финансиските долгови, „црвено-црните“ го загубија правото на настап во фудбалска Европа, останаа без лиценца, а од денеска, како што се наведува, клубот останува и без играчите.
Долгот на Самсоненко кон играчите е приближно 3 милиони евра. Информациите се дека в понеделник фудбалерите ќе потпишат на нотар дека Русинот до крајот на годината ќе им ги исплати сите долгови.
Неодамна се појавија информации дека Бугаринот Благо Георгиев ќе го преземе раководењето со Вардар, ама од тоа не излезе ништо.
Ниту Град Скопје не е во можност да го менаџира клубот, па засега останува крајно неизвесна судбината на клубот со голема традиција и резултати.
Новата сезона во ПМФЛ почнува за 3 недели, играчите со право се разочарани и исплашени за својата иднина. Најавуваат заеднички став во текот на утрешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челзи се договорил со Гитенс, Борусија Дортмунд сака повеќе пари

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, е цел на Челзи. Клубот и фудбалерот ги договориле финансиските детали, по што во Дортмунд е испратена понида за крилниот напаѓач.
Челзи ѝ нуди на Борусија 35 милиони евра обештетување за 20-годишникот, додека во Дортмунд бараат најмалку 50 милиони за да дадат зелено светло за трансферот.
Англичанецот побарал дозвола за трансфер од челниците на клубот, а бундеслигашот го гледа тоа како идеална можност сериозно да профитира од уште еден многу талентиран фудбалер од своите редови.
Гитенс имаше одличен почеток на сезоната, беше една од ретките светли точки под водство на поранешниот тренер на „милионерите“, Нури Сахин, но кај Нико Ковач и не беше толку добар.
Хрватскиот стратег често го форсираше системот без вистински крилни напаѓачи, но Гитенс повторно се бореше за поголема улога на крајот од сезоната.
Џејми одигра вкупно 48 натпревари во сите натпреварувања, со учинок од 12 гола и 3 асистенции.
На Челзи му се потребни засилувања на крилните позиции откако се раздели со позајмениот играч на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, но и поради суспензијата на Микаил Мудрик поради позитивен допинг тест.
Гитенс (20) играше во младинските тимови на Рединг, Челзи и Манчестер Сити, а е член на Борусија од 2020 година.
Спорт
Мекинтош го урна светскиот рекорд на 400 метри слободно

Канадската пливачка Самер Мекинтош го собори светскиот рекорд на 400 метри слободен стил со време од 3:54.18 минути на националното првенство во Монтреал.
Мекинтош, трикратна олимписка шампионка и поранешна светска рекордерка во оваа дисциплина, го собори претходниот светски рекорд од 3:55,38, поставен од Австралијката Ариарне Титмус на Светското првенство во Фукуока, Јапонија, за повеќе од една секунда.
„Уште од вечерта знаев дека мојот тренинг во последните неколку месеци беше навистина добар и дека можам да направам нешто посебно. Но, не мислев дека моето време ќе биде толку добро, па затоа сум навистина среќна“, рече 18-годишната Мекинтош.
На Светското првенство во Сингапур, кое ќе се одржи од 11 јули до 3 август, таа ќе учествува во седум дисциплини, вклучувајќи ги 400 метри слободно, 800 метри слободно, 400 метри мешано, 200 метри мешано, 200 метри слободно, 200 метри пеперутка и 200 метри грбно. Таа објави дека планира да се натпреварува во пет дисциплини.
Мекинтош освои злато во 200 метри пеперутка, 200 метри мешано и 400 метри мешано на Олимписките игри во Париз минатата година. Во Сингапур ќе се обиде да додаде уште едно злато, а досега има четири светски титули.
Спорт
(Видео) Многу врева за ништо – Албанија и Србија ремизираа без голови

Натпреварот од висок ризик, во квалификациите за пласман на Светското првенство, меѓу Албанија и Србија заврши без победник.
Натпреварот на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана заврши со резултат 0:0.
Двете селекции имаа по една голема шанса, се истакнаа голманите Петровиќ и Страхоша.
Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ, на истекот на првото полувреме го одбрани пеналот што го зведе Манај.
„Да бидам искрен, одев на чувство. Кога видов кој ја зеде топката, решив да одам на десната страна. Да почекам што е можно подолго. Топката отиде таму каде што тргнав јас“, рече Петровиќ.
Во средишницата од вториот дел Страхоша од гол линијата интервенираше по ударот со глава на Митровиќ.