Спорт
Енис Барди е во тимот на колото во Ла Лига (фото)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди доби награда за одличната партија против Селта, во која Леванте победи со 3-2 нагости, а токму Барди двапати го натера домашниот голман да ја вади топката од мрежата.
Македонскиот фудбалер, кој во јубијелниот 100-ти настап за составот од Валенсија стигна до бројка од 7 постигнати гола сезона е избран во тимот на колото.
Барди е во тимот на колото во изборот на „Whoscored“ и тоа со оценка 8.6
Единствен кој има повисока оценка од Македонецот е аргентинскиот ас, Лионел Меси. Тој е оценет со 9.3.
Останатите играчи кои го сочинуваат тимот на колото се:
Родригез (Еибар, 8.3), Диаз (Гранада, 8.6), Бигас (Еибар, 8.1), Бустинза (Леганес, 8.0), Еступињан (Осасуна, 7.4), Модриќ (Реал Мадрид, 8.1), Кондогбиа (Валенсија, 7.8), Мајорал (Леванте, 7.7) и Бензема (Реал Мадрид, 8.0).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трилер натпревар во Денвер – Нагетс по едно продолжение ги победија Клиперси

Денвер Нагетс го добија првиот натпревар од четвртфиналната серија против ЛА Клиперс. Во „Бол Арена“, Нагетс славеа во дополнителните пет минути откако во регуларниот натпреварот заврши 98:98.
Денвер буквално им ја украде побеата на Клиперс, кои го контролираа натпреварот се до последната четвртина. Клиперси во вториот период ја имаа и најголемата предност од 15 секунди.
Во последниот период кога се „разбудија“ Мареј и Вестбрук, Денвер го стигна и престигна противникот. Вестбрук на 23 секунди до крајот погоди тројка за предност на Денвер 98:96, во наредниот напад поентираше Харден, а последниот напад на Денвер заврши несупешно.
Во продлженијата клучна беше тројката на Браун на 23 секунди до крајот, а потоа и украдената топка на Вестбрук. Потоа Јокиќ од линијата за слободни фрлања стави точка на натпреварот.
Јокиќ го предводеше Денвер со 29 поени, девет скока, 13 асистенции и три украдени топки. Гордон забележа 25 поени и осум скока, Мареј 21 поен, девет скока и седум асистенции, а Вестбрук 15 поени, осум скока и три асистенции.
Кај Клиперси блескаше Харден со 32 поени, пет скока и 11 асистенции, Ленард забележа 22 поени, шест скока, две асистенции, мо имаше и шест загубени топки, а Ивица Зубац мечот го заврши со 21 поен и 13 скокови.
Спорт
(Видео) Осум гола за полувреме во Берлин

На стадионот „Ан дер Алтен Форстереј“ во Берлин вечерва се одигра најефикасното полувреме во тековната сезона во германската Бундеслига.
Дури осум гола беа постигнати за 45 минути од дуелот меѓу Унион Берлин и Штутгарт.
Головите за Унион ги постигнаа Илиќ во петтата и 45+6 минута, Леите во 19. минута и Куерфилд во 38. минута.
Штутгарт беше подеднакво ефикасен и голови постигнуваше преку Ундав во 23., Мило во 29. Шабо во 43. и Фуриќ во првата минута од судиското надополнување.
Сепак, во вториот дел двете екипи се „загаснаа“ и до крајот мрежите меруваа, а резултатот остана 4:4.
Унион Берлин има 35 бодови и останува на 13. позиција, додека „Швабите“ се на 11. место со 41 бод.
Спорт
(Видео) Астон Вила го декласира Њукасл

Во последниот саботен натпревар од 33. коло на Премиер лигата, Астон Вила забележа убедлива победа против Њукасл. Избраниците на Унаи Емери славеа со 4:1 (1:1).
Вила поведе по само 34 секунди игра, кога Оли Воткинс го матира Ник Поуп.
Во следните минути се редеа шансите на домашните, а откако не успеаја да ја зголемат предноста, казната ги стигна во 18. минута. Харви Барнс нафрли прецизно, а Фабијан Шер од непосредна близина лесно ја испрати топката во мрежата.
Оли Воткинс имаше неколку прилики до крајот на полувремето, а Њукасл се закани преку Сандро Тонали, но резултатот остана 1:1.
Во вториот дел Астон Вила целосно се награди за добрата игра. Во 64. минута Матсен на асистенција на Воткисн го постигна вториот гол за Вила, десет минути подоцна автогол си постигна Ден Брн, а во 75. минута убав го постигна Онана 4:1.
Њукасл останува на третото место на табелата со 59 бодови, а Астон Вила сега е шеста со 57.